Среда, 27 Август 2014   
Македонските Мистерии (втор дел)

Олга Новачева

makedonski-misterii-2

Македонците со својата ведско-ариевска-словенска култура заслужено стануваат предмет на истражување во сите аспекти на нивното живеење. Потрагата по македонскиот код неминовно не` води кон македонските Мистерии поврзани со чудесните митски приказни.

Во македонските династии постоело правило според кое сите владетели морале да ги поминат неопходните иницијациски ритуали. Дури по завршувањето на одредените степени станувале кралеви. Така владетелот или водачот на една династија бил и врховен свештеник, некаде наречен и како Првосвештеник. Ова било неопходно за да дојдат до тајното знаење, до мистичните концепти на световното создавање. На тој начин правилно и правдољубиво ќе ја водат заедницата и ќе ги почитуваат традициите. Во управувањето им помагале мудреците, филозофите, како што се Солон, Платон, Сократ, Аристотел, Хераклит, Питагора кои задолжително морале да бидат воведени во Мистериите. Со ова се одржувал континуитетот на династичките македонски лози, се постигнувала хармонијата и на управувањето и на живеењето.

Хармонијата се наследувала како завет, како аманет, како благодарност за потеклото. Познавајќи ги таинствените сили на Природата и мистичниот јазик на исконските вибрации се одржувал Редот на планетата. Редот е единствената правилно поставена сила  која морала да се одржува преку древното знаење.

Поредокот на природата е владеење на појакиот над послабиот. Поредокот на духот не припаѓа на снагата и немоќта, туку на вистината. Питагора ова знаење го донел од далечните земји, но најнапред од Орфеј, зашто го спознал учењето за космосот, за распеаниот свет. Орфичката мисла нудела готово решение. Решила што е поредок, што е збор, што е склад, што е смислата, што е мера, што е убавина. (Бела Хамваш-„Велика ризница предака“)

Сигурно дека Питагора не го донел ова знаење од далечните земји, туку напротив, го носел знаењето таму кај што требало. Питагора е Македонец и нему му било дадено да ја следи традицијата на предавње на тајното знаење преку мистериски ритуали. И не случајно е спомнат Орфеј, добро познатиот Македонец, кој со својата мисија го покажувал патот на Редот.

     Антиката не познава религија без Мистерии. Тие претставуваат алегорија и се поврзани со симболи кои ја покажуваат содржината на тајните за кои не смее да знае јавноста, туку само оние кои ги разбирале симболите односно кои биле иницирани. На сите пронајдоци, на артефактите, геоглифите, лигатурите има цртежи и натписи со две врсти пораки, едната видлива за обичните, необучените, а друга за оние кои ги знаат тајните на Мистериите. Симболите обично се прикажуваат со животни - бик, лав, елен, бизон, коњ, пчела, птица или со знаци кадуцеј (кадуша), крст, сонце, свастика, цвет, шишарка. Овие архетипски елементи се поврзани со настанокот на светот, со појавата на гласовните форми и примарниот јазик. Своето окултно знаење нашите предци го втиснувале во такви шифрирани знаци препознатливи само за Посветените. Преку симболите комуницирале меѓу себе, избегнувајќи го јазикот и говорот на обичните и неупатените смртници. Симболизмот е јазикот на Мистериите, јазикот на Природата, на Вселената.

     Мистериите биле почитувани од народот. Додека митските приказни можеле да бидат ставени на потсмев во пародии и комедии, за Мистериите не можело тоа да се каже или следувале строги казни. 

Аристотел укажувал дека во Мистериите „не треба да се научи, туку да се почувствува“. Во Мистериите не се учела некоја тајна доктрина како наука, туку се доживувале чувствата. Церемонијата го пробудувала заспаното знаење, го издигнувала иницијантот. Секој различно го доживува иницијациското искуство, секој различно реагира, а од тие реакции се избирал наследникот или идниот владетел.

Владимир Авдеев во својата книга „Преодоление христианства“ кажува дека во забранетата книга „Аристотелови врати или Тајна над тајнит“, постои детално ракување за гатање за потеклото на поединецот. Свештениците ги одделиле овие книги, бидејќи биле поврзани со светците на јазичеството (паганство-веданството).

Јазичество е термин кој го заменува веданстото и е погрдно одбележан како паганство. Аристотел, учителот на Александар Македонски, го подучувал не само на материјалните науки, туку и на она што денес се нарекува окултизам, како начин за развивање на парапсихолошките особености. Без тие суптилни тајни Александар Македонски не би можел да биде она што бил и не би можел до ден денешен да остане најголемата величина за последниве неколку милениуми.

Мистериските Школи биле почитувани од народот. За обичните смртници, кои не смееле да знаат, бидејќи не можеле да ги разберат длабоките тајни околу воскреснувањето и богоспознавањето, постоеле посебни празнувања во одредени сезони на годината како ноќни улични прослави.

Самотракиски мистерии

 

Самотраки е остров (место) кој некогаш се викал Самос, родното место на Питагора. Ако Мистериите се одвивале на Самос би требало да се викаат Самоски Мистерии. Можно е да не постоело воопшто такво место и да биде метафора на о-сам-ување со значење „сам-ос-тана со себе за да умува“. Но бидејќи е општо е прифатено името на Самотракиските Мистерии, во текстот што следи го оставаме како такво.

Самотракиските мистерии се сметаат за најстари. Тоа се мистерии на прославување на боговите и полубоговите. Примарни се Кабирите кои се славеле како божествени огнови.

Овие моќни богови истовремено се и смртни, припаѓале и кон машкиот и женски пол, а исто така имале земски, небесен и космички аспект. Од почетокот биле Управувачи на човештвото и дале импулс на цивилизацијата, на уметноста и науката, на јазикот и писмото, архитектура и на разни магискии исцелителски способности. Хермес, Орфеј, Кадмиј, Асклепиј се оние на кои им се препишува откривањето на науките. Им се препишува големиот дар на одгледување на пченицата по што е позната и големата Кабира Изида-Озирис или на Сицилија е позната како Церера („Тајна доктрина Антропогенезис“).

Кабирите се Божествата Македонци. Хермес и Орфеј и Кадмо и Асклепиј се Македонци. Управувачи на човештвото! Кабирите се појавуваат во почетокот на еден голем циклус и тоа после планетарна катастрофа. Нивната улога е да ги водат луѓето во нова ера на еволуцијата. Тоа се директни наследници на боговите кои на луѓето од новата раса или подраса им ја оддаваат тајната на заживување и продолжување на животот под квалитетно нови околности.

Филип Втори Македонски и Олимпија биле воведени во Мистериите, што значи биле проверувани и одбрани. Олимпија служела во Додона, едно од најстарите светилишта на древните Македонци.

До-Дон-а е светилиште од култот на мајката. До-дона значи до дното, значи обредно воведување во тајните знаења, преку чинот на спуштање во подземниот свет, во мајката земја (од авторот на „Македонски речник на зборови со езотерични кодови“).

Во дабовата шума во Додона се одвивале собири и ритуални обреди. Се спомнува запис дека со нишање на лисјата на дабовите гранки се вршело пророштвото.

Познато е дека Филип носел круна од дабови гранчиња, а пронајдена е и урна на Филип со венец од даб. Тоа значи дека Филип не само што ја знаел тајната на дабот, туку и учествувал во ритуалите. Главна цел му била да ги ослободи светилиштата од натрапниците кои сакале да ја уништат македонската традиција.

Дабот во македонската митологија е синоним на сонцето, а пламените јазици се симбол на сончевите зраци што го претставуваат тројанскиот коњ кој ја пренесува духовната енергија од сонцето кон земјата и материјалната енергија од земјата кон сонцето (Бранко Сотировски „Зета Македонија“).

Авторот на оваа книга укажува дека во христијанството дабовото гранче се наследува како бадниково гранче. Но светото дабово гранче место да служи за потпалување на оган, во денешно време се гори, пред време се запира или се уништува улогата на дабовото гранче како сончев зрак преку кој треба да се изврши преносот на Божјата енергија. Тука имаме еден од бројните намерно изместени примери поврзани со симболизмот кои имаат намера да ја скренат силата на Редот.

Дионисовите Мистерии се нарекуваат во чест на Дионис, еден од старите божества кои се инкарнираат во текот на разни периоди. Дионис син на Кабир или на врховно божество. Цар на Азија, битисувал пред Тројанската војна. Два пати роден. Дионис Загреј и Дионис на С(Ѕ)емела.

За Дионисовите мистерии се зборува како за баханалии, поврзани со виното, со развратни и недостојни игри. Денес се прикажуваат како екстатичко поврзување со Космосот преку избезумени движења и игри, оргии со придружничките менади неправилно толкувани од современиците. Но тоа е невистинито прикажување со цел да се намали улогата на Дионис во македонското постоење.

Дионисовиот култ го наследува Орфеј и подоцна Орфичките мистерии стануваат попознати од Дионисовите.

Дионисовата митологија се поврзува со христијанството. Татко-божество, смртна мајка, се вратиле од мртвите и ја претвориле водата во вино. Постои тврдење дека христијанската традиција на јадење и пиење на телото и крвта на Исус потекнува од Дионисовиот култ. Но тука се изместува содржината зашто да се јаде сопственото тело е исто како да се јадеш себеси, а тоа е спротивно на  приливот на енергијата од Бога.

Мајката на Александар Македонски, Олимпија, била воведена во Дионисовите мистерии. Дионис патувал и делувал во Азија, се знае дека во Бактрија оставил скриени записи. И не случајно што Александар Македонски долго време се задржал токму таму и не случајно што се оженил со бактриската принцеза Роксана која исто така била воведена во Дионисови Мистерии.

За Елевсинските мистерии има многу пишани материјали во кои ги прикажуваат или како грчки или се во чест на Изида. Никој не сака да ги поврзе со македонската древна традиција што е историски факт. Прво треба да го објасниме етимолошкото значење на Елевсини, збор кој всушност потекнува од Ели-е-сеј (Елисејски полиња). Познати се имињата на Пер-сеј, Оди-сеј, Мој-сеј, така и овој назив –Ели-сеј има значење на сеење на Божјата светлина. Подоцна тој култ се профанира, се упростува и останува само на егзотерија.

Eleuses-Елисејс значи светлина. Затоа иницијацијата во Елевсинските мистерии значела потрага по светлина во потполна смисла. Таа значела како што треба и денес да значи - не само светлина во смисла на добивање на некое тајно знаење кое на друго место не може да се добие, ниту во смисла на било каков световен интерес, туку на кандидатот да му се отвори цела интелектуална и духовна природа во надчулна светлина на Божествениот свет и тој да се издигне до Богосвеста ('George Mylonas - Eleusis and the Eleusinian Mysteries').

Ова име и денес го има во Македонија. Во Струмичкиот регион постои манастир Св. Богородица Елеуса кој се наоѓа во селото Велјуса на 7 km западно од Струмица, основан во 1080 година.

Иако Мистериите се забранети со воведување на христијанството, сепак некои елементи се пренесени во многу христијански обичаи на Македонците. Тоа е така, затоа што народот не може да се откаже така лесно од исконските традиции, од времето кога секаде на планетата постоела една вера, една раса и еден јазик. Народот морал да се држи за основните верувања за да ја зачува по секоја цена верата и традицијата на своите предци. 

Во средновековниот период особено е познат аџилакот. Навраќајќи се на христијанската употреба на симболот на лавиринтот, мораме да назначиме дека аџилакот претставува една верзија на паганските митови на иницијацијата: совладувањето на тешкиот пат после кого доаѓа избавувањето–просветлувањето. (Лидија Стојановиќ Лафазановска- „H O M O I N I T I A T U S феноменот на иницијација во македонската народна книжевност“)

Аџилакот како поим и збор не е турцизам, тој е македонски збор. Бранко Сотировски во „Зета Македонија“ назначува – „На садот за култна намена со светото писмо во облик на цртеж-лигатура напишано е со македонски јазик за патот на духот Господов Македон на аџилак. Зборот „Аѕил`к“ е македонски збор со значење; А=Господ; ЅИ=Господов поглед; Л`К=лак, божилак, виножито. Зборот значи „Господов поглед преку виножитото“ претставува Божјо око.

https://www.youtube.com/watch?v=l9-BN0O-90g

Македонска традиција и религија наеднаш не се укинуваат. Постепено се трансфрмираат во друг вид на верување, одредено од земски суштества, а не од Бога. Се укинуваат Мистериите, гностичкото учење се прогласува за ерес и се заменува со христијанството. Се` друго што не е во доменот на новото христијанство станува паганско.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.