Среда, 24 Септември 2014   
Измените на етничкиот состав на населението во Егејска Македонија во периодот од 1919 - 1941 (втор дел)

egejciИ покрај емигрирањето за Бугарија, етничкиот состав на населението во Егејска Македонија немало да претрпи поголеми измени на штета на Македонците, ако истовремено не следела и размената на муслиманското население од овој дел на Македонија. Согласно Лозанската конвенција, во текот на 1924 година сето муслиманско население (во чиј состав влегувале и околу 40 илјади муслимани од македонска народност, од кои најголемиот број биле од Мегленско), се иселија за Турција. На нивно место, како и на местото на иселените Македонци, беа колонизирани околу 640 илјади доселеници од грчко потекло и друго православно христијанско население со неопределена или прогрчка национална свест. Голем дел од оваа емиграција воопшто не го знаела грчкиот јазик, а како свој мајчин јазик го употребувала турскиот.

И покрај емигрирањето за Бугарија, етничкиот состав на населението во Егејска Македонија немало да претрпи поголеми измени на штета на Македонците, ако истовремено не следела и размената на муслиманското население од овој дел на Македонија. Согласно Лозанската конвенција, во текот на 1924 година сето муслиманско население (во чиј состав влегувале и околу 40 илјади муслимани од македонска народност, од кои најголемиот број биле од Мегленско), се иселија за Турција. На нивно место, како и на местото на иселените Македонци, беа колонизирани околу 640 илјади доселеници од грчко потекло и друго православно христијанско население со неопределена или прогрчка национална свест. Голем дел од оваа емиграција воопшто не го знаела грчкиот јазик, а како свој мајчин јазик го употребувала турскиот.

Како последица од овие емигрирања, особено во текот на 1923 и 1924 година, настанало бројно зголемување на грчкото, вклучително населението со прогрчки чувства. Поради овие причини, бројот на вкупното население во Егејска Македонија што во 1920 година изнесувало 1.090.432 жители, од кои доминантно било македонското и муслиманското население, во 1928 година се зголемило на 1.418.477 жители. Во новите констелации не фигурирал ниту еден муслиман, а биле пресметани новите неколку стотини илјади новонаселени имигранти. И токму поради овие крупни миграции, етничката карта на Егејска Македонија за неколку години претрпела сериозни измени на штета на македонската, а во корист на грчката народност, со исклучок на Костурско, Леринско и Воденско, каде што и натаму доминирал македонскиот национален елемент.

Творците на версајскиот систем на империјалистичкиот табор на Антантата, прекројувајќи ја картата на Европа и Балканот, оставиле бројни припадници на разни националности надвор од границите на нивните матични земји. За донекаде да се олесни тешката положба на овие маси, како и да се намали нивното незадоволство и делумно да се заштитат од национално потиснувачките методи на буржоаските владеачки класи во тој период, преку внесување одредени клаузули во мировните договори, победничките сили се обидувале да им ги обезбедат барем елементарните национални и демократски права на овие новосоздадени малцинства. Во таа смисла, врз основа на членот 46 од Нејскиот договор и Грција била обврзана да се грижи за “интересите на жителите што се разликуваат од мнозинството на населението по нација, јазик или вера”.

Подоцна, со Договорот за заштита на негрчките народности во Грција, склучен во Севр на 10 август 1920 година, Грција преземала низа обврски што требало да овозможат трпеливост и правилен однос кон малцинствата. Членот 7 од Севрскиот договор предвидувал: “Особено Грција се задолжува, во рок од три години по стапувањето во сила на овој Договор, да воведе изборен систем што ќе води сметка за националните малцинства... Нема да биде озаконето никакво ограничување против слободната употреба од секој грчки граѓанин на кој било јазик, било во приватните или трговските односи, било во областа на религијата, печатот или изданијата од секаков вид, или на јавните собири”.

Договорот предвидувал еднакви можности за сите национални, верски и јазични малцинства да основаат и да имаат свои културно-просветни, религиозни општествени институции и училишта со слободна употреба на својот мајчин јазик. Членот 9 од истот договор предвидувал: “Во однос на просветата, грчката влада, во градовите и околиите каде што живеат поголем број граѓани кои не зборуваат грчки, ќе даде соодветни олеснувања за на тој начин да се обезбеди учењето на децата на тие грчки граѓани во основните училишта да се врши на нивниот сопствен јазик”. Грчката влада била должна за таквите цели и потреби на малцинствата да осигура нужни средства од државниот и општинските буџети. Тоа значело и извесна гаранција дека грчката влада ќе ги почитува правата, културата и јазикот и на Македонците, како и дека ќе овозможи отворање училишта на кои наставата би се вршела на нивниот јазик, вклучително и цркви во кои богослужбата требало да се врши, исто така, на нивниот јазик. Наспроти јасните обврски што преку потпишувањето на Договорот Грција ги примила на себе, таа воопшто не мислела да пристапи кон нивно исполнување. Поради тоа, во Друштвото на народите грчката влада влада била честопати напаѓана и повикувана да се придржува кон меѓународните договори и обврски за заштита на малцинствата.

Приредил

Александар Пујовски

Извор: ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (книга трета)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.