Среда, 24 Септември 2014   
За борбата на битолскиот револуционер Ѓорги Поп Христов, патриот посветен на Македонија

Во плејадата на македонски револуционери кои целосно и доследно се бореа  под светата паролоата “слобода или смрт”,свое место зазема и битолскиот револуционер Ѓорги Поп Христов. Тој како и многу други македонски дејци во времто на стариот систем од идеолошки причини ,беше избришан под диктат на комунистичката идеолошка доктрина,се со цел да биде исклучен и заборавен од колективната свест на македонскиот народ.  Ѓорги Поп Христов представува еден македонски деец,кој понесен од револуционерната стихија и желбата за слобада на поробениот македонски народ се издигнува во еден фанатизиран идеалист кој целосно и доследно му е предаден на македонското ослободително дело.За ликот и делото на Ѓорги Поп Христов има да се пишува многу,тој има доста голем револуционерен стаж кој опфаќа повеќе периоди:предилинденскиот,илинденскиот,постилинденскиот,периодот на балкансите војни и неговата дејност во редовите на македонското револуционерно движење по првата светска војна,како истакнат деец на ВМРО.

Ѓорги Поп Христов е роден во битолското село Крстоар 1876 година,тој во својот плоден револуционерн живот целосно и предано му служи на македонското револуционерно движење.Тој представува деец кој е карактеристичен по својата скромност,посветеност и одговорност во извршувањето на задачите дадени од Организацијата.Уште од негвото рано детство се појавува бунтовноста и желбата за слобода на својата земја.Првите школски денови ги поминува селото Буково,кое во тој период е под засилено влијание на грчката пропагнада.Завршува четврти клас Гимназија  во Битола во 1896 година,а веднаш потоа е назначен за егзархиски учител во родното село Крстоар и некои околни села.Помеѓу своите ученици Горги Поп Христов се повеќе ја потикнува бунтовноста посебно против турската власт и грчката пропаганда,отворено пропагира и ја искажува својата бунтовност против гркоманите и гркомансите учители.

Во почетокот на 1896 година во Кавадарци Ѓорги Поп Христов е покрстен од Никола Хрлев,пред евангелие,кама и револвер и влегува во редовите на ТМОРО,каде се запознава со идеолошката платформа и програма на организацијата.Во текот на 1900 година Ѓорги Поп Христов по предлог на Даме Груев станува учител во Битола,со својата дејност Ѓорги Поп Христов ќе даде значаен придонес во проширувањето и јакнењето на Битолскиот револуционерен округ.Во 1898 година Поп Христов,учествува во формирањето на окрузите во Костурско и Леринско заедно со Павел Христов.Поп Христов неуморно крстосува низ костурските и леринските села,каде за прв пат летото 1900 година,по негова иницијатива ќе се формира чета,а за нејзин војвода ќе бидие избран Героги Иванов-Геројски(Марко Лерински).По избувањето на Попставревата афера и апсењето на Даме Груев на 18 август 1900 година од османските власти,Ѓорги Поп Христов ја обавува улогата на заменк-председател на Битолскиот револуционерен округ.Почетокот на февруари 1902 година избива тн.Јосифова провала,турската власт ја гонела четата на војводата Стојан Донски кој бил регрутиран во редовите на ТМОРО лично од Ѓорги Поп Христов и Даме Груев.Набргу власта започнала апсења и прогонства најпрво во битолското село Егри,биле упасени неколку селани кои од страв ги подкажале комитаџиите од Битолско.Така турските власти на 4 март 1902 година започнале да спорведуваат апсења низ Битола и битолските села,биле затворени Ѓорги Поп Христов,Михаил Наумов,Коста Песнанџиев,Никола Робев и неговито син Петар Робев.Јосифовата провала представувала голем удар  за Битолскиот револуционерен округ,а и воопшто за ТМОРО,бидејќи бил упасен еден од главните членови на Окружниот комитет на Организацијата Ѓорги Поп Христов,кој бил задолжен за вооружување на населението,односно бил разоткриен каналот на организацијата за пренесување на оружје.На 22 февруари 1903 година доѓа до политичка амнестија од страна на турската валст и така Ѓорги Поп Христов  е ослободен.По неговото ослободување тој ја продолжува својата дејност во редовите на Организацијата,со својата максимална посветеност и преданост кон делото Поп Христов одиграл круцијална улога во јакнењето на револуционерната мрежа во Битолскиот округ.

gorgi-pop-hristov-1

Ѓорги Поп Христов учествува во последните подготвки на Илинденското востание со своја чета крстосува низ Костурско,Леринско и Ресенско.За време на Смилевскиот конгрес Поп Христов е избран за член однсоно за секретар на конгресот како представник од раководното тело на Битолскиот револуционерен округ,заедно со Анастас Лозанчев и Георги Пешков.На Смилевскиот конгрес Поп Христов е избран за началник на главниот штаб во Леринско,така тој го подготвува населението за востание врши воена обука определува стратешки места за стационирање на четитите и врши набавка на оружје.Во виорот на Илинденското востание Ѓорги Поп Христов се издигнува како доста добар конспиратор,организатор и стратег во востаничките акции на ТМОРО во Леринско.Во секое село востаниците под команда на Ѓорги Поп Христов извршиле напади врз турски и арнаутски бегови,ги запалилие турските кули,самиот Поп Христов со 200 души комити од селото Екшису ги напднале станицата и ги минирале шините од железничката пруга.

Во текот на август 1903 година Ѓорги Поп Христов,заедно со своите чети води жестоки битки со турскиот аскер и башибозук во леринските села Був,Битоша и Арменско.Борбените дејствија во леринско-костурскиот дел се повеќе се интензивирале,Поп Христов учествува заедно со костурските чети на Васил Чакаларов,Иван Попв и Лазар Поп Трајков во одбраната на Невеска.На 27 септември 1903 година,четата на Ѓорги Поп Христов се среќава со Борис Срафов во селото Буф,кој бил во обиколка на овај дел на Битолскиот округ.Двете чети се предадени на османските власти,аскерот ги нападнал од заседа,а битката траела еден цел ден.Турската војска броела оклу 1000 души,кавелерија и башибузук,а четите на Поп Христов и Сарафов околу 60 души,двете чети се извлекле со мали жртви.По задушувањето на востанието и прекинот на борбените дејствија,Ѓорги Поп Христов повторно крстосува низ Леринско и битолските села,држејки го борбениот морал кај населението.Тој ги обиколил месните револуционерни комитети од Битолско и Леринско,агитирајќи дека ако не и биде дадена автономија на Македонија,Организацијата повторно ќе се дигние на востание.Османските валсти распишуваат потерници по најистакнатите претставници на ТМОРО во Битолскиот округ,Ѓорги Поп Христов пребегнува илегално во  Грција од каде планирал да замине со парброд за Бугарија.Предаден уште предходно од гркоманите од Леринско,Поп Христов заедно со уште 9 соброци е упасен на 18 септември 1903 година,биле затворени во Волос.Грчките власти имале намера да го ликвидраат поради судирите со претсваниците на грчката пропаганда,но Поп Христов успеал да избега од затворот во Волос и од Атина со параход пребегнува во Варна.

Во 1904 година бил одржан Прилепскиот конгрес на ТМОРО, основна цел за свикување на овај когрес била понатамошната дејност на Организацијата и потребата од консолидација на револуционерните сили.Еден од глваните иницијатори за свикување на овај конгрес бил Ѓорги Поп Христов заедно со Христо Узунов и Ѓорги Сугарев.На овај конгрес Поп Христов бил назнчаен за воен ревизор и возобнувач на четите и револуционерната мрежа во Леринско и Костурско.Почетокт на јули 1905 година четитте на Ѓорги Поп Христов и војводите Пандо Кљашев,Никола Козинчев,Митре Влавот и Атанас  Каршаков учествуваат во неколку судири со грчки андартски чети,при што андартските чети биле успешно разбиени и ликвидирани.По овие судири со грчките андарти Поп Христов заминува за Битола каде што со Тодор Златков,започнуваат агитација помеѓу македонското население во Битолско и Охридско,се со цел да се зајакне борбениот морал,помеѓу македонското население.За време на Рилскиот конгрес  1905 година Ѓорги Поп Христов е избран за делегат,на конгресот.Непосредно пред почетокот на првата Балканска војна 1912 година Поп Христов е еден од главните иницијатори за помирување на македонските револуцинерни сили.Тој се среќава со припадници на веќе поделеното и разединето  македонско револуционерно движење,помеѓу кои со Димитар Влахов,Павел Христов и Петар Дрвингов со кои формираат комисија за помирување помеѓу македонските револуционерни кругови.Особено се почести се средбите на Поп Христов со Христо Матов и Тодор Александров  со кои било договорено да се помират двете крила на Организацијата.По овај догвор како што напоменува Поп Христов во своите спомени се повеќе се зајакнал борбениот морал кај македонското население,а пред се помеѓу македонската емиграција во Бугарија.По избувнувањето на Првата светска војна Ѓорги Поп Христов е дел od Makedonskoto odrinsko dobrovolstvo (Македонското одринско ополчение),тој е еден и од основачите на овие македонски одреди формирани по иницијатива на македонските друштва во Бугарија.Во Македонското ополчение пристапувале добровлци од сите краеви на Македонија,македонски добровлци доаѓале дури и од Америка.Во своите спомени Поп Христов наведува дека тој заедно со Александар Стефанов,Павел Христов, Марко Иванов-Геројски(Марко Лерински) заминуваат за Битолско каде водат жестоки борби со турските војски,особено по течението на реката Црна и селото Скочивир имало големи борби помеѓу Македонските ополченци и  османските војски.

gorgi-pop-hristov-2

На 16 јуни 1913 година избувнува Втората балканска војна која ќе представува војна помеѓу балканските сојузници Србија,Грција и Бугарија.Понесени од нивните хегемонистички аспирации и цели за анексија и приграбување на Македонија,балканските сојузници ќе ја започнат оваа војна.Во виорот на Втората балканска војна Ѓорги Поп Христов повторно се вклучува во Makedonskoto odrinsko dobrovolstvo(Македонско одринско ополчение )во третата бригада под команда на Александар Протогеров.По завршувањето на мегусојузничката војна и Букурешкиот мировен договор кој бил одржан на 10 јуни 1913 година,доаѓа до поделба на Македонија помеѓу трите балкански држави Србија,Грција,Бугарија  и новоформираната албанска држава.За поделбата на Македонија во Букурешт 1913 година Ѓорги Поп Христов во своите спомени ќе напише:”Наместо да се случи посакуваната слобода нашата родина Македонија со Букурешкиот договор беше поново поробена и распокината помеѓу Грција,Србија и Бугарија,таа војна и нанасе најголем удар на македонската кауза и ослободителното движење”.Во текот на Првата светска војна која избувна на 15 октомври 1915 година Ѓорги Поп Христов се борел во редовите на 11 Македонска дивизија која дејствувала заедно со бугарската армија,против српските и француските војски.Во редовите на 11 Македонска дивизија се бореле ислкучиво Македонци по род.Поп Христов бил назначен за пунктов началник во Битола,учествува во битките на Македонскиот(Солунски фронт),против англо-француските и српските војски.

По завршувањето на Првата светска војна Ѓорги Поп Христов е активен меѓу македонската емиграција во Бугарија. На 3 април 1921 година Поп Христов учествува и е еден од основачите на Илинденската организација,заедно со Георги Занков.Како стар,авторитетен илинденец и деец на ВМРО,Поп Христов се залага за помирување помеѓу разделените македонски револуционерни сили.Во текот на есента на 1923 година со одлука на тројцата членови на ЦК на ВМРО,Тодор Александров,Александар Протогеров и Петар Чаулев, Ѓорги Поп Христов со своја чета влегува во Вардарска Македонија под српска власт.Тој дејствува,со своја чета во Битолско, Ресенско,Демирхисарско,Охридско и Кичевско и наведува во своите спомени дека во овие региони каде што имало услови и желба формирал револуционерна мрежа,во некои места биле назначени и раководители.Така Ѓорги Поп Христов започнува да го обновува и зацврстува Битолскиот револуционерен округ на ВМРО,подготвувајки го македонското население овај пат за борба против српскиот окупатор.Тој имал особено голема доверба кај Тодор Александров кој го сметал за еден од најпосветените и најфанатизирани ревоуционери на ВМРО.Извесен период Поп Христов заедно со Алекасандар Протогеров, Александар Стефанов,Петар Шанданов,Крум Петишев,Васил Пундев,Лазар Ашлаков,Никола Гушалев и други револуционери влегуваат и вршат акции против српксите власти во Варадрска Македонија од територијата на Албанија.Како што соопштува Поп Христов во своите спомени,во овај период помеѓу албанската и српската граница,постоела неутрална зона во месноста Томорс,во оваа област есента 1923 година Ѓорги Поп Христов со своите сореволуционери свикува окружен конгрес на Битолскиот округ на ВМРО.На овај когрес биле избрани 12 делегати,меѓу кои биле-Петар Шанданов,Горги Поп Христов,Александар Стефанов,Крум Петишев,Ангел Узунов,Наум Томалевски,Јордан Гурков како заменки член и други.На конгресот било избрано окружно раководно тело на чело со Ѓорги Поп Христов,Петар Шанданов и Александар Стефанов.За време на овај конгрес  помеѓу нив бил инфилтриран шпион, Атанас Нередчето кој се одметнал од четите и се предал на српските власти.Ова представувало провала во редовите на ВМРО.Оваа афера била причина српските власти во Битола и Битолско да започнат апсења на Македоцни кои биле сомнителни  за комитаџиство.Почетокт на 1924 година Ѓорги Поп Христов заедно со четата на Крум Петишев навлегуваат во егејска Македонија,под грчка власт.Грчките воени патроли во содејство со српсктата војска започнуваат потера по четите на ВМРО.Во Ресенско доаѓа до судир помеѓу двете чети на ВМРО предводени од Поп Христов и  Петишев,кои паѓаат во заседа на српската војска.Во оваа престрелка со српската војска полесно бил повреден  Крум Петишев.

cetata-na-petar-kostov
Четата на Петар Костов-Пашата,била под дирекна команда на Георги Поп Христов,во Битолскиот револуционерен округ.

На 4 март 1924 година Ѓорги Поп Христов испраќа циркуларно писмо до раководителите на ВМРО во Битола и Битолско,кое претставувало еден апел до сите патриоти и стари борци да се прилкучат во редовите на ВМРО во борбата против новите поробувачи.Поп Христов во овај период неуморно крстосува во Македонија под српска власт,го обиколува Демирхисарско и Охридско каде подолго време ВМРО подготвувала атентат врз српскиот началник на Охрид.Во Охридско биле разоткриени четите и револуционерната мрежа кои ги формирал Поп Христов и српските власти испратиле силна потера.Била испратена српска војска и жандармерија од Битола,четитте на Поп Христов пребегнуваат во областа Томорз која била едн вид тампон зона помеѓу српската и алабанската граница.Врските и контатктите на Ѓорги Поп Христов со членовите на ЦК на ВМРО биле целосно одсечени тој подолг период дејствувал во внатрешноста на вардарска Македонија,без да има контакт со ЦК.За прв пат во месноста Томорз од еден српски весник дознава за потпишувањето на “Мајскиот манифест” и обединувањето на македонските револуционерни сили во единствен револуционерен фронт.

На 2 август 1924 ден Илинден Поп Христов заедно со своите соборци се наоѓале на планината Бигла во месноста викана Црн Врв,во своите спомени за овај ден Ѓорги Поп Христов ќе напише:         “Пред 21 година на ова место го развивавме знамето на востанието,за тој 2 август какви не спомени се будат во мојата душа.Особено Смилево кое беше токму под нас и се гледаше од врвот,тешка тага  ме налегна,кога се сеќвам за сите маки ,страдања и жртви кои ги дадовме за Македонија тешко воздивнав.После толкави борби и жртви во минатото кои ги дадовме наместо да се ослободиме,денес паднавме во едно многу потешко робство под Срби и Грци.Во мсилите ми се сите соборци и другари кои паднаа за македонското ослободително дело,тогаш со моите соборци се поздравивме сите и си посаквме успех за новата борба против Србите.Во чест на празникот св.Илија и во чест на хероите кои паднаа во Илинденското  востание  запеваме “Жив е тој жив”....  “

На 6 септеври 1924 година Ѓорги Поп Христов преку Алабанија заминува за Италија каде престојува во Бари.Од италијанскиот печат дознава дека водачот на ВМРО Тодор Александров е убиен.Во месец септември 1924 Поп Христов заминува за Бугарија.Поради убиството на Александрв сите војводи и револуционери на ВМРО биле собрани во Бугарија, односно во Пиринска Македонија,која администартвно во тој период припаѓала во Петрички округ под бугарска власт која представувала бастион на ВМРО во борбата за Независна Македонија.Овај дел на Македонија во документите на ВМРО ќе биде именуван како Македонија под бугарска власт,Вардарска Македонија како Македонија под србска власт,додека Егејска, како Македонија под грчка власт.

На 9-12 февруари 1925 година во селото Србиново, Горноџумајскобил одржан Шестиот когрес на ВМРО.На овај конгрес Ѓорги Поп Христов е избран за член на ЦК на ВМРО заедно со Иван Михајлов и Александар Протогеров.Поп Христов учествувал во подготвувањето на Уставот и Правилникот на ВМРО.Според чл.1 од Уставот целта на организацијата била обединуање на разделена Македонија во нејзините географски граници и извојување на целосна политичка автономија (самоуправување).Веднаш по свикувањето на конгресот Ѓорги Поп Христов е избран за председател на Битолскиот револуционерен округ на ВМРО.Како председатл на овај округ и член на ЦК на ВМРО Поп Христов ги назначува за окружни раководители и војводи Петар Шанданов и Крум Петишев.За околиски војводи во Битолскиот округ Поп Христов ги назначува:Петар Шанданов -Битолско,Александар Стефанвов-Демирхисарско,Крум Петишев-Крушевско,Петар Пашата-Прилепско,Наум Јосифов–Охридско,Илија Иванов-Леринско,Дончо Шореаев –Костурско.Во периодот на 1925 до 1927 Поп Христов како член на ЦК на ВМРО со своите чети дејствува во Битолско заедно со Петар Шанданов и Крум Петишев,каде имаат неколку вооружени судири со српските и грчките војски.Како председател на Битолскиот револуционерен округ организира цела една мрежа на членови на ВМРО кои вршеле разузанвачка дејност во интерес на Организацијата, односно црпеле информации за сите активности на српските и грчките властиво Битолскиот округ.Така како разузнавач на ВМРО за Битолско бил назначен Александар Ефтимов,за Прилепско- Тодор Адамов,за Охридско- Христо Чорбев,Ресенско- Никола Милиев,Струшко- Христо Миладинов,Крушевско Васил Клисаров,за Леринско- Иван Трајков,Костурско-Дамјан Илиев,Демирхисарско-Александар Стефанов.Со воспоставувањето на ваквата разузнавачка мрежа Ѓорги Поп Христв како председател на Битолскоит револуционерен округ добива доста значајни податоци за економскиот,културно-просфетниот живот,а и доста важни податоци и информации за воениот и полициски потенцијал на српските и грчките власти во Округот.Зимата 1925 година со одлука на ЦК на ВМРО во Битолско ке бидат превземени неколу вооружени акции и атентати,против српските власти.Така на 3 јули 1926 година во Битола од старна на двајца атентаори на ВМРО на Широк Сокак ќе биде ликвдиран редакторот на српскиот весник “Јужна Звезда”, Спас Попович.Имено Спас Попович преку весникот “Јужна Звезда” бил афирматор на српската пропаганда во Македонија,а бил и шпион на српските власти за битолските фамилии кои ја подржувале борбата на ВМРО.Весникот исто така и ја охрабрувал српската власт во борбата против ВМРО нарекувајќи ги комитаџиите ,”бандити”и “разбојници”.По ликвидацијата на Спас Попович српските власти започнуваат низа апсења и репресии врз македонското население во Битола и Битолско.Во своите спомени Ѓорги Поп Христов потврдува дека во Корча подмитени од српскиот конзул Алабанците го предале Петар Трајков член на ВМРО,при неговота апсење во него биле пронајдени и доста важни писма од револуционерната мрежа во Битолскиот округ.За оваа провала Ѓорги Поп Христов во своите спомени ќе напише :”низ цело Ресенско и Битолско српските власти започнаа да вршат апесења и  затворања,беа затворени околу 30 граѓани и селани.Некои од повидните дејци Србите без никаков доказ и повод ги стрелаа,таков беше случајот со Пандо од село Претор, Алексо од село Дупени и други,од оваа афера доста настрада организацијата во Ресенско.Пред зимата 1926 јас продолжив да дејствувам во внтрешноста на Округот,вршев засилена пропагандна дејност и агитација помеѓу нашиот народ за ослободување од Србите и Грците во Битолскиот Округ.Испратив одредена суma на пари за нашите затвореници и заточеници во Солун,Битола,Кожани и други места,а испратив и извесна сума на пари за издржување на семејствата на затворените членови на ВМРО во Округот. “

Со државното преуредување во  Кралството СХС кое од 1929 година е преименовано во Кралство Југославија кралот Александар Караѓоргевиќ го укинува уставот и се прогласува за носител на целата власт,прогласена е тн.Обзнана,однсоно се формира влада која уште порадикално ќе ги застапува гоелемсрпските идеи. Посебно во Вардарска Македонија се превземаат низа апсења, следења и репресија. Македонскиот народ е изложен на уште поголем терор и асимилација,српските власти превземаат уште позасилени мерки во борбата против ВМРО.Летото 1929 година Ѓорги Поп Христов и Крум Петишев со своите чети од Алабнија влегуваат во Македонија каде на границата со Грција се пресретнуваат со четата на војводата Мице Христов-Чегански.Српските и грчките власти се повеќе инситираат и бараат од албанските власти да започнат гонење на четите на ВМРО кои илегално престојувале на албанска територија.Така,албанските власти започнуваат да испраќаат вооружени потери против четите на Поп Христов и Шанданов.Летото 1929 година српската војска и жандармерија испратила силна потера против четите на Поп Христов,Мице Чегански и Крум Петишев низ преспанките села,Брајчино,Љубојно и Сливница,четите се упатуваат кон Пелистер,тоа претставувала кординирана акција помегу српската и грчка војска и полиција.Ѓорги Поп Христов заедно со своите соборци успеваат да се упатат кон Смилево,а од таму преку тајни канали заедно со Петар Шанданов,Петар Трајков  и Мице Чегански преправени како работници со цел да не бидат откриени и упасени од албанските власти, повторно преку Албанија со помош на италијанкси агенти заминуваат за Италија,а од таму за Бугарија.

Додека Ѓорги Поп Христов делувал во внатрешноста на Вардарска Македонија под српска  власт раководејќи го Битолскиот револуционерен округ,во Бугарија се поголем е расцепот и поларизацијата во редовите на ВМРО.Така во тој период се позачестени биле судирите и физичките пресметки помеѓу приврзаниците на михајловистичката и протогеровистичката струја на ВМРО.Како припадник на протогеровистичката струја Ѓорги Поп Христов во почетокот на 1930 година,ќе биде вклучен во помирувачката комисија,која била формирана од претсавници на двете струи со посредство на Националниот комитет.Целта на комсијата била да дојде до помирување на поделените македонски струи,а Поп Христов како нејзин член се залагал да дојде до помирување и свикување на еден општ конгрес на ВМРО.Но кон средината на февруари 1930 година Ѓорги Поп Христов е приведен од агенти на бугарската полиција заедно со Кирил Прличев,така принудн од бугарските власти Поп Христов потпишува декларација со која потврдува дека се повлекува од македонското револуционерно движење.После неговото повлекување протогеровистичката струја на ВМРО предводена од Петар Шанданов се повеќе ќе ги интензивира контактитте со национл-федералистичката струја на ВМРО (об),предводена од Павел Шатев и Георги Занков.  

Ѓорги Поп Христов умира во Софија на 20 февруари 1962 година.Во своите спомнеи,тајни писма и преписки со своите сореволуционери,во револуционерната архива на Организацијата се срќава под псевдонимите-“Бистров”,”Ѓорги Крстарецот”,”Форов”.  Ѓорги Поп Христов,со своите дела и живот посветен на македонското ослободително дело се издигнува во еден  скромен македонски деец,кој целосно и доследно му служи на македонската кауза,тој представува еден неуморен работник на ВМРО со силен револуционерен дух,кој поминал една цела животна голгота посветена на македонското ослобдително дело.Ѓорги Поп Христов представувал еден револуционер кој пред се се стремел да обединува и помирува.Тој му служи на на македонското револуционерно дело триест и две години и поминува низ сите фази на  револуционерната епопеја на ВМРО,во која овај битолски револуционер се издигнува како одличен организатор,стратег и еден неуморен деец целосно посветен во борбата за слободата на Македонија.

gorgi-cekutkov
Ѓорги Чекутков

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.