Среда, 11 Септември 2024   
Историски белешки за Мијаците (6 дел)

bigorski

Во V поглавје од својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Св. Јован Претеча“. Авторот во своето дело дава интересни податоци кои не се многу познати на пошироката јавност.

Во прекрасните описи кои ги дава за Бигорскиот манастир, за неговата местоположба и градба, Трајчев ќе напише:

„Тој е сместен на левиот брег на реката Радика, која тука го дели планината Крчин (Шарски разгранок) од планината Бистра. Одалечен е од Дебар 5 часа с.и. насока и прикрепен е на стрмна бигорлива карпа со бујно засаден реон. Глетката кон манастирот е чудесна. Манастирската зграда како да потонала во густата шума од даб, липа, дрен, орев. Наспроти манастирот, од другата страна на реката, по меките падини на Крчин, се гледаат прекрасните села: Требош, Битуше, Велебрдо и Ростуше. Над Манастирот се издига планината Бистра. 

Манастирското здание ја заградува црквата од исток, југ, север и запад. Горната палата, старото здание е изградено во 1814 година. Тоа е на два спрата. Подолу се магерницата (манстирската кујна) и визбите; погоре калуѓерските келии, а најгоре чардаците, соби за гости и игуменската одаја. Северно се наоѓа трпезаријата, до неа воденицата, а северозападно беше новата четирикатна модерна зграда од камен, со повеќе одаи за гости. За време на Балканската војна целата нова зграда изгоре. Таа беше запалена од српски војници кои беа тука сместени и кои палеа оган по подот на собите. Денес од таа убава зграда стрчат само разрушените ѕидови, неми сведоци на ова српско злодело. Во дворот блика обилна планинска вода од голема чешма, чија вода, каптирана со висок пад, врти големо воденичко тркало. 

Манастирската црква е големо здание со грамадни куполи во средината и друга помала при влезот. Таа е тип ротонда со примеси од византиски двокуполни цркви. Градбата треба да е почната пред 1803 година. Ова се открива од двете мермерни плочи, кои се наоѓаат во храмот, под големата и мала купола, со дата од 1795 година и двоглав орел – византиски грб“. 

Цитирајќи го професорот Милетич (Љубомир н.з.), кој го посетил манастирот во текот на 1916 година, Трајчев посочува дека „друга црква од таков тип нема во Западна Македонија“. Осврнувајќи се на оргиналноста на фрескоживописот, резбата и композициите кои со својата убавина ги привлекува љубителите од далечните места, авторот на книгата вели:

„Големата купола е зографисана до половината на првите прозорци. И малата купола има фрески. Зографите на големата купола одат во неколку ката: во дното е насликан Бог Саваот и ликот на ангели; вториот ред со прозорци; третиот – сцени од св. Писание (Тајната вечера, Успение Богородично, Воскресение Христово, Преображение Господово и др.). Во дното на малата купола е претставен Св. Јован Крстител со ангелски крила и со пресечена глава. (Артиката?) и таа е насликана со страшниот суд, со сцени од библијата и ликовите на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски и др.

Најскапиот украс на манастирскиот храм е иконостасот, започнат во 1800 година и довршен во 1832 година, кој со својата уметничка резба изработена од месните самоуки уметници-резбари кои го наследиле занаетот,  веднаш ќе ги привлече љубителите од далечните места. Мајсторите  по потекло се од Галичник. Осој и Гари. Оргиналното во тој уметнички споменик е пред се во орнаметалната композија и потоа во извонредната фина резба врз ореовото дрво. Особено колонките кои служат и како рамки на големите икони, покажуваат таква совршена пластика на орнаментот, така да станува дури неверојатно сите фигури да се длабени од едно и исто  парче дрво.

Оргиналното во стилот на нашите рекански уметници е премногу сеопштото исползување на растителните форми во премногу различни композиции со човечки и животински фигури, прошарани со делови од згради, цркви и сл. Заслужува внимание и резбата на т.н. „Воздух“ во олтарот на светиот престол. И тој е исполнет со фигури: човечки и животински, прошарани со растителни форми и ангелски глави. Такво умно резбарско дело од тој вид тешко дека има друго во православната црква. Во истиот стил се изработени и тронот на владиката, дури и горниот дел од големите свеќници, кои стојат пред царските двери. Оргинална е и резбата на царските двери. Тие се изработени во стар стил, завршувајќи во горниот од нив со круна и крст. Под неа лежи јагне, кое занемено гледа пред отворената уста на змија, која се извива по левото крило на дверите – интересна симболична слика. Елегантна е работата и на ковчегот со св. Мошти кој стои десно од царските двери“.

Во периодот кога Георги Трајчев ја пишува и издава својата книга, бугарската пропаганда и цензурата не дозволуваат истакнување на посебноста на македонскиот народ и неговиот  македонски идентитет. Оттука, при пишувањето на „Книгата за Мијаците“, иако мора да се придржува за искривената бугарска историја, тој се обидува индиректно да ги дистанцира Мијаците од Бугарите со тоа што укажува дека тие се древно племе многу постаро од нив. Но, во овој дел, каде говори за потеклото на иконописците, речиси незабележливо ќе го спомене идентитетот, укажувајќи дека Македонците не се Бугари. Во овој дел тој вели:

Иконописците се исто така Македонци (Иконописцит` с` с`що Македонци)“. Главните икони се работат од некој си Димитар Михајлов од селото Самарина. Тие се правени во времето на архимандритот игумен Арсениј. Најценета е чудотворната икона на Св. Јован, која е многу стара и која според манастирските преданија сама дошла во новата црква од стариот манастирски храм. Иконата е целата опкована во сребро“.


Исто така, говорејќи за вештината на македонските мајстори, Трајчев го дава податокот дека во 1825 година, во времето на султанот Махмуд и дебарскиот митрополит Григориј, била изградена и „големата трпезарија“, која е величенствена. Цитирајќи го повторно проф. Милетич, тој ќе потенцира дека „таква голема трпезарија не поседувал ниту еден, дури и од егзархистичките ставропигиални манастири (делуваат независно од епархиите и се директно потчинети на патријархот или синодот н.з.).

„Во текот на своето суштествување манстирот преживеал многу несреќи. Долги години бил под византиско ропство, потоа го почувствувала второто бугарско владеење, српската власт при Душановци, турското ропство, албанските борби, нова српска власт, привремената бугарска власт и денешниот нов јарем...“ – пишува Трајчев.

Сепак како што вели авторот: „Најмногу манастирот настрадал за време на турското ропство кога е изгорен. Одново се совзема и стигнува до една состојба кога процветува, иако се наоѓа во најразбојничкиот крај на Западна Македонија. Бидејќи во соседството се албанските разбојнички населби, само благодарение на чудотворните влијанија на таа обител, можела да преживее и да се задржи“.

Во тој контекст, авторот се повикува на кондика во која е опишано едно такво искушение на манастирот. Во кондиката, летописна книга на црквата, можеме да го видиме следното:

„Во 1814 година се случи големо чудо – стана Гемон кој имал намера да го уништи манастирот и да го преобрази во теке. Тоа бил Деберскиот Јусуф – бег. Негов непријател бил Али Паша Јанински. На 8 септември Јусуф – бег бил ранет и на 21 починал. Кога го погребале станале силни грмотевици и паднал град, кои отепале до 20 души од неговите луѓе. Исплашените напаѓачи агарјани се разбегале. Така, манастирот бил спасен од уништување.

Друг пат, албанските разбојници го грабнале манастирскиот карван (товарни крупни мазги), кој пренесувал храна за манастирот. По акцијата водачот на разбојниците тешко се разболел. Уплашен од своето злосторство, сметајќи го за божја казна, тој го ослободил карванот и луѓето, а на манастирот му подарил големо количество на масло. Оттогаш веќе никој не се решавал да нападне и да им нанесува зло на манастирските луѓе или на манастирскиот имот. Дури нешто повеќе. Манастирот уживаше почит и уважување и кај друговерците, така да манастирските врати беа деноноќно отворени за сите кои доаѓаа, без разлика на верба и народност. Сите тука наоѓаа засолниште, во кое беа прифаќани и нахранети. За таа цел во манастирот секојдневно се готвело во големи казани и се издвојувале до 150 – 200 сомуни леб“ – пишува Георги Трајчев во првиот дел од V поглавје од својата „Книга за Мијаците“.

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.