|
|
Верните синови на херојскиот македонски народ ги поставија темелите на слободната македонска држава |
РЕГЕНТОТ ТОДОР ПАВЛОВ: 21 октомври 1944 год. „По долги традиции и упорни борби, македонскиот народ му покажа на 2 август о.г. на целиот свет дека правото на самоопределување на народите не се дава, туку треба да се извојува. На денот на историскиот Илинден, во древниот манастир Прохор Пчински, верните синови на беспримерно постраданиот и херојски македонски народ ги поставија гранитните темели на слободната македонска држава, што влегува како рамноправен член во новата демократска федеративна Југославија. Се разбира, македонскиот народ во потполност ќе ми поверува ако речам дека со радост поради големата победа и оправданата надеж во блескавата иднина на неговата држава најискрено ја споделува и братскиот бугарски народ. Бугарскиот народ, откако на 9 септември ја разби хитлеровско - фашистичката диктатура во Бугарија и откако постигна исто-риско разбирање со славниот маршал на Југославија Јосип Броз Тито... има најискрена желба не само да ги исправи сите досега сторени, главно по вина на неговите управувачи, грешки и престапи спрема македонскиот и српскиот народ, туку и да стори сеж што е потребно за цементирање на цврстите темели на братс-киот сојуз со нова Демократска Федеративна Југославија”. Работническо дело, Софија, год. XVII, бр 30, 21.X.1944; |