|
|
Русија ја призна Р.Македонија под уставното име во август 1992 г. |
“Кога Козирев пристигна во Белград во 1992 г., се најде под синхронизиран притисок од страна на грчката дипломатија во Москва и оној што дојде од Милошевиќ и неговиот режим. Излез од таа состојба Козирев побара во прекинувањето на турнејата и откажувањето на посетата на Македонија... Козирев пет-шест дена потоа ја посети Македонија. При посетата го извести македонското раководство и јавноста дека Русија донела одлука да ја признае Македонија, но при посетата не ја предаде нотата со која Р. Македонија официјално се известува за признавањето. Со тоа Козирев во Македонија не постапи на начин како што постапуваше кога ги посетуваше Словенија, Хрватаска и Босна и Херцеговина, туку на крајот на својата посета рече дека нотата за признавањето на Македонија ќе ја испрати штом ќе се врати во Москва. Тој се врати...,но нотата не дојде... минаа јуни и јули 1992 г., нота немаше. Во почетокот на август 1992 г., при посетата на претседателот на Русија Борис Јелцин на Бугарија, состојбите се променија. Со упорниот и аргументиран настап на бугарскиот претседател Жељу Желев, отпаднале резервите... и рускиот претседател решил веднаш да ја признае Македонија. Одлуката ја донел уште кога се наоѓал во Бугарија и веднаш од Софија го испрати заменикот на Козирев, Виталиј Чуркин во Македонија, кој на 5 август му ја предаде нотата за признавањето на министерот за надворешни работи на РМ Денко Малески... Тој настан беше од огромно значење за Република Македонија, меѓу другото и затоа што Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име...“ Инаку, Жељу Желев како пријател на Македонија, за времето на своето претседателствување на Бугарија, беше првиот државник и Бугарија е првата држава која ја призна независноста на Република Македонија под нејзиното уставно име, а нешто подоцна лобираше кај тогашниот руски претседател Борис Јелцин и Русија набргу ја призна независноста на Република Македонија под уставното име. Исто така во времето на својата функција како претседател на Бугарија, Жељу Желев не ја прифати поканата од Грција за средба на Балканските Држави каде Македонија не беше поканета, и токму од таа причина Балканската конференција во Грција не се одржа. Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина... Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Република Македонија, кои сеуште траат. Македонска нација |