Среда, 15 Октомври 2014   
На општо собрание било поставено прашањето за автономијата на Македонија (11 август 1880 г.)

РУСКИОТ ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛ ВО СОЛУН: НА ОПШТО СОБРАНИЕ БИЛО ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕТО ЗА АВТОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. ЗА ТАА ЦЕЛ БИЛА СОСТАВЕНА ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА ОПОЛНОМОШТЕНА ДА ЈА БАРА АВТОНОМИЈАТА 

aleksej“Руско генерално конзулство

Но. 281

Од 30 јули/11 август 1880 г.  Солун

До Пресветлиот Алексеј Борисович Лобанов-Ростовски

Пратеништво на Н.И.В во Цариград

Ваше превасходство,

Пред извесно време мојот гаваз ми донесе еден затворен плик, во кој најдов едно придружно писмо до Неговото Императорско Величество и едно протоколарно решение, потпишано од некаква Привремена влада на Македонија, кои во прилог на писмово Ви ги испраќам. Дозволете ми, да забележам нешто во врска со гласовите што се шират овде во Солун, а кои се однесуваат за наводната Привремена влада на Македонија, која, секако, се наоѓа на планината Грамос.

Уште пред објавувањето на Руско-турската војна, во Атина бил создаден еден Славомакедонски револуционерен комитет, во кој влегувале Македонци, кои живееле во Атина, предимно костурчани. Комитетот имал цел да крене востание во Македонија, откако заедно ќе настапи со сличен комитет за добивање автономија на Епир и Тесалија. Славомакедонскиот  револуционерен комитет си поставил задача да образува Славомакедонска легија, која ќе дејствува со легални и нелегални средства, а имено преку митинзи, преку весниците и со оружје, доколку притреба. Една од истакнатите личности на таа легија е познатиот учесник во Кресненското востание, був-скиот поп. (Поп Костадин од с. Буф, Леринско, учесник како војвода во Кресненското востание, н.б.)

Легијата не можела да предизвика востание во Македонија, ниту да учествува во востанието, кое избувна во источниот дел на оваа земја. Но, по задушувањето на востанието, главниот и раководен деец, грцизираниот Леонид Вулгари (Леронид Вулгари, аклиматизиран Македонец и борец за ослободувањето на Македонија, н.б.) не престана да се интересира за положбата во Македеонија. Тој пред извесно време го беше посетил Пловдив да побара поткрепа од румелиската влада за да образува чети и да замине во Македонија. Мисијата, меѓутоа, не му успеала, поради што испратил специјален пратеник во Родопите, за да се сретне со македонските востаници и да им предложи заеднички да дејствуваат во Македонија, до извојувањето автономни права на својата земја. Македонските востаници со недоверба го сретнале Леонид, макар што му ветиле соработка. Тие изјавиле дека е неопходно да се води општа борба против турското господтво. И двете страни, меѓутоа, не можеле да се оградат од националните цели на соседните земји, Бугарија и Грција.

Независно од разликите во гледиштата на земјите на кои им служеле и македонските востаници и Вулгари дошле до едно заедничко решение, да ја продолжат заеднички борбата за автономија на Македонија, за чија натамошна иднина ќе решава македонското население. Така, според сигурни податоци, дошло до заеднички акции на востаниците од источниот и јужниот дел на Македонија.

Овој увод го поднесувам, за да можам да Ви појаснам кој стои зад Привремената влада на Македонија на Грамос Планина. Зад неа, секако, стои спомнатата Легија на Македонците, која и натаму има задача да се бори за автономија на Македонија. Овој пат се исклучува можноста за какво било присоединување на оваа територија кон двете бугарски области или кон Грција.

Овде постои мислење дека Привремената вада на Македонија на Грамос претставува политичка игра на грчката дипломатија. Наводно, раководителите на андартските чети имаат интерес да го прикажат своето движење како општомакедонско. Меѓутоа, колку и да има вистина во ова тврдење, кое доаѓа од бугарска страна, факт е дека Платформата на Привремената влада на Македонија на Грамос и Привремената влада на Македонија на Пирин е автономијатата на Македонија при една рамноправност на сите нејзини жители, без оглед на која националност им припаѓаат.

Повелете да ги примите, Ваше превасходаство, уверувањата на мојата длабока почит.

Н. Уљанов”

С. Димевски, Привремената влада на Македонија..., Разгледи, 1-2, 1973, стр. 173-180;Љ. Лапе, Одбрани текстови..., II, стр. 254-255;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.