|
|
Објавени историски факти во македонски среден век |
Пелагонискиот митрополит Нектариј, „секогаш и во секоја пригода изјавувал дека е Македонец и дека е горд што му припаѓа на благородниот македонски род“. Во сите црковни документи се титулирал како: „Нектариј, митрополит на Пелагонија и егзарх на цела Македонија“: податок од 1611 година. Пелагонискиот митрополит Нектариј, „секогаш и во секоја пригода изјавувал дека е Македонец и дека е горд што му припаѓа на благородниот македонски род“. Во сите црковни документи се титулирал како: „Нектариј, митрополит на Пелагонија и егзарх на цела Македонија“: податок од 1611 година. Лавот на македонското знаме е извезен од учителката баба Недела од село Сопот и нејзината ќерка Станислава. Знамето со огнен (црвен) лав на жолто поле е знаме и на Разловечкото востание (1876 г.). Над лавот стои натписот "Македонија". Овој напис е само дел од историските факти за Македонија, објавени во книгата "Македонски среден век VI - XVIII", во издание на "МИ-АН". Меѓу многуте историски куриозитети може да се најдат и делови од стари документи кои експлицитно говорат за Македонците и Македонија. На пример, во документ од 1380 г., кој денес се чува во Венециската државна архива, стои: „Градовите Девол, Коњух и Белград (денешен Берат), со целата своја околина, административно спаѓаат во Македонија. Тие се населени со Македонци, кои по говорот и обичаите се исти како и оние по долината на реката Вардар, во Епир, Тесалија, Солунско и Тракија“. Анонимниот автор потенцира и дека: „Старомакедонските словенски имиња на селата, градовите, на реките, долините и планините во Матија, даваат цврст доказ дека тие, Македонците, се потомци на истоименото античко население и први жители на балканските, порано именувани како илирски земји“! Од издавачот "МИ-АН" велат дека во книгата „е опфатен богатиот период од појавата на христијанството и писменоста во Македонија, заклучно со првите книги на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, кои ги најавија првите знаци на македонската преродба и народносното будење на Македонците“… Факти за Македонија - 1407 г: Во најстариот манастир Бистрица, во Молдавија, бил составен средновековен романски ракописен споменик, познат под името „Бистрички поменик“. На едно место се вели дека подунавските кнежевства „Влашко и Молдавија канонски зависат од Охридската црква“ и дека „тие се сметаат за делови од Македонија“. - 1604 г: Охридскиот патријарх побарал лично од рускиот Цар Борис Годунов „поддршка од Русија во реализацијата на Проект-планот за кревање востание во Македонија и во Матија (денешна Албанија)“. - 1611 г: Пелагонискиот митрополит Нектариј, „секогаш и во секоја пригода изјавувал дека е Македонец и дека е горд што му припаѓа на благородниот македонски род“. Во сите црковни документи се титулирал како: „Нектариј, митрополит на Пелагонија и егзарх на цела Македонија“. - 1668 г: Бившиот охридски патријарх Арсениј пристигнал во Русија и го замолил царот Александар Михајлович „да се сврти кон Македонија и да помогне да може да излезе од стегите на мракот, бедата и неподносливиот ропски живот“. - 1690 г: Австрискиот император Леополд Први издал посебно писмо со кое го зел под заштита македонскиот народ: „Виена, 1690, 26 април. Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Краида, роден во Кожани и Димитри Ѓеорги Поповиќ, роден во македонски Солун, ни изложија колку македонскиот народ, поради почит кон нашето најправедно дело...; ...да не го напаѓаат македонскиот народ...“ - 1712 г: Патописецот Пол Лука по посетата на Македонија запишал интересен обид за обласна поделба на Македонија: „Денес таа е поделена на четири дела-области: Македонија, Јамболија, Коменилитарија и Јана, која била стара Тесалија“. - 1767 г, 24 мај: Официјално и неканонски била укината Охридската архиепископија со синодален акт издаден од Цариградската патријаршија. Премин Портал Дејан ТРАЈКОСКИ |