Среда, 29 Октомври 2014   
Собранието на Република Македонија ја одбива Лисабонската декларација на Европската Заедница

(јуни-јули 1992 год.)

lisabonska--deklaracija„На 1 јули започна седницата на Собранието на која ја разгледавме Лисабонската декларација и требаше да го изградиме нашиот став кон неа. Тоа беше бурна, драматична седница. Прв зборуваше министерот за надворешни работи, Денко Малески... истакна дека длабоко верувал во принципите на нова Европа, но се покажало дека Европа своите принципи ги применува недоследно и селективно. Еропската Заедница наполно се оглуши на нашите аргументи поради свои интереси во односите со една нејзина членка... Малески подвлекуваше дека со тоа сме станале побогати за уште едно искуство кое укажува дека се важни прин-ципите, но важен е и односот на силите и дека тоа од нас ќе бара упорност и готовност да издржиме во својата политика. Зборуваше за своето чувство како во последните месеци да се згуснала целата наша историја и дека македонскиот народ и Македонците со одлуката на Европската Заедница во Лисабон повторно се исправени пред потребата да се борат за својот оп-станок. Притоа истакна дека е многу важно што Европската Заед-ница ги признава  постојните граници на Мкедонија и дека тоа ќе ни овозможи да опстанеме како самостојна држава, што сепак ќе ни даде можност да издржиме во нашата борба за зачувување на уставното име на нашата држава...

...Најголемиот дел од пратениците зедоа учество во расправата. Сите до еден се изјаснија дека го отфрлааат барањето содржано во Лисабонската декларација во врска со името на нашата држава...

...На крајот на седницата беше усвоена Декларација на Собранието, во која Собранието на Република Македонија го оцени за неприфатлив делот на Декларацијата за поранешна Југославија на Европскиот совет на ЕЗ (усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 год.), што се однесува на признавањето на Република Македонија” со име кое нема да го вклучи терминот “Македонија”. Исто така, Собранието на Република Македонија по-бара од ЕЗ, КЕБС и ООН како и од нивните земји - членки, да ја признаат Македонија под нејзиното уставно име и во нејзините постојни граници...”

ДЕКЛАРАЦИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

НЕПРИФАТЛИВ Е И ГО ОТФРЛАМЕ ДЕЛОТ НА ЛИСАБОНСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

“СО ИМЕ КОЕ НЕМА ДА ГО ВКЛУЧУВА  ТЕРМИНОТ МАКЕДОНИЈА”

(јули 1992 год.)

1. Собранието на Република Македонија го оценува за неприфатлив и го отфрла делот на Декларацијата на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува за приз-навањето на Република Македонија “со име што нема да го вклучува терминот  Македонија”.

Со прифаќањето на ваквиот став, макар и привремено, се прави преседан со исклучително тешки меѓународни последици.

2. Собранието на Република Македонија го поздравува делот на Декларацијата што ги гарантира границите на Република Македонија и нивната неповредливост во согласност со принципите на Повелбата на Обединетите нации и на Париската повелба.

3. Со пренесувањето на дел од својот суверенитет во Демократска Федеративна Југославија, Федеративна Народна Република Југославија и Социјалистичка Федеративна Република Југославија, врз основа на правото на самоопределување, Република Македонија е меѓународен субјект со јасно изразено и признаено име, суверенитет и територијален интегритет и како таков субјект е рамноправен правен наследник на СФРЈ, прифатен на Конференцијата за Југославија на Европската заедница и во нејзините документи.

4.  Собранието на Република Македонија со Декларацијата од 17 септември 1991 година ја потврди волјата на граѓаните на Република Македонија изразена на референдумот од 8 септември истата година, во која тие се определија за самостојна и суверена држава под името Македонија, што се изрази и со Уставот на Република Македонија донесен на 17 ноември 1991 година. Во овие документи се истакнува дека Република Македонија ќе се залага за доследно почитување на принципите на меѓународните односи содржани во документите на ООН, завршниот документ од Хелсинки и Париската повелба на КЕБС.

5. За легитимноста и оправданоста на своето барање засновано врз Декларацијата за меѓународно признавање, Република Македонија доби и официјална потврда во извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската заедница, во кој е заземен ставот дека “Република Македонија ги исполнува условите од насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот сојуз и Дек-ларацијата за Југославија усвоени од Советот на ЕЗ на 16 де-кември 1991 година”, како и дека “ употребата на името Македо-нија не содржи какви било територијални претензии кон друга држава”.

6.  Името Македонија е основа за името на еден народ - македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши и дискриминација врз тој народ и националностите што живеат со него. Тоа не е во функција на обезбедување мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и заживување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедени на мирен и демократски начин.

7.  Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на Обединетите нации и нејзините членки, меѓу-народно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници.

Бр. 08-2812/1                                  

3 јули 1992 год.                                                      

Скопје

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.