|
|
За зулумите и за исламизацијата над рајата |
(август 1838 год.) ФЕРМАН НА СУЛТАНОТ МУХАМЕД II ДО МАРШАЛОТ НА РУМЕЛИСКИОТ ВИЛАЛЕТ, ЗЕКИРИЈА-ПАША I ДО КАДИИТЕ И ДРУГИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КАЗИТЕ Д-р ИванАлексов „До мојот везир Ахмед Зекирија-паша и до славните меѓу кадиите и судиите и до славните: војводи, ајани, видни граѓани и сите службеници.... ...Иако на сите спомнати службеници, судии и видни граѓани им беше долг на служба и обврска на верност да внимаваат и да се грижат по еднаков начин за сиромасите, слабите и бессилната раја да ги земаат под нивна заштита... денес видните граѓани и ајаните од поголемиот дел од местата во Румелискиот ејалет, не придржувајќи се до овој пожелен ред, рајата на тие места ја третираат како свои купени робови и ги употребуваат со сила и бесплатно за работа во своите чифлици и за други работи; ако некои од овие (од рајата) сака да си оди од чифлигот каде што работи и сака да оди во друг чифлиг или на друга работа, не го пуштаат; се мешаат бесправно во работата на женење, венчавање и во нивните верски обреди и други слични зулуми и неправди на кои се осмелувале, што сега е установено од Моето Величество... ...И освен ова, во некои места се прикажува дека се случувало од девојките на рајата, тие што ќе им се бендисале, со лажен изговор „станува муслиманка” ги венчале со сила со што со вистинската вера во бога се засолнуваат и влегуваат во блескавиот круг на исламизмот - венчавањето со сила со овој или со оној на тие што според законот не се убедиле и не се изјасниле за исламизмот, е нешто што е спротивно на мојата царска волја. Поради тоа, како по овој однос, така и по прашањето за забранување на другите изложени зулуми, следувал мој царски указ и врз основа на светата содржина, во таа смисла, изадениот хати-хумајун, издадени се до сите маршали, уважени генерали и до другите каде што е потребно во Румелија, мои одделни свети заповеди што ги содржатизложените препораки и за да не се товарат населението и сиромаштијата со разноски околу мубаширските награди, маршалите, генералите и валиите ги испратија (ферманите) ...за да ја објавуваат од каза до каза мојава света заповед, трошоците самите да ги поднесуваат и да се грижат по овој повод од народот и рајата ни аспра, ниту зрно да не се зема... Според тоа, кога високославниов мој ферман ќе стигне во местата што се наоѓаат под твоја управа да го објавиш и нашироко да им објасниш на видните граѓани, офицерите и на другите овој мој справедлив царски указ и за да вложи отсега натаму грижи за доверените ми од великиот бог бессилни и рајата, од никого да не се прават неправди и зулуми, а пак спомнатата раја... да се занимава чесно со своите работи и печалби и да не пројавува положби што не одговараат на состојбата на рајата... да се осигурат условите за заштита и чување (на рајата) и за нејзиниот мир и спокојство. И вие спомнатите... сите сложно да вложите совршено внимание и грижи што отсега натаму, ако се дознае, како што е горе изложено, за некакви насилства и зулуми извршени од страна на вакви видни граѓани и други спрема мирната и чесна раја, тие што ќе се осмелат на вакви непријатности, кои и да се, не само што ќе им се извршат итно строгите казни според кривичниот закон, туку таквите, нема сомневање, и на оној свет ќе паднат на одговорност и ќе бидат казнети... Напишано во средината на џезами-ел ахир година1254” (август 1838 год.) Турски документи за историјата на македонскиот народ, том В, Државен архив на НРМ, Скопје, 1958, стр 120-138; |