Среда, 19 Ноември 2014   
Иселувањето на македонците во Бугарија и СХС

Превземено од Македониум

mak-bugarijaИ покрај големите емигрирања на Македонците во Егејска Македонија Македонскиот народ се уште беше доминантно во Егејска Македонија.

Имајќи го предвид овој факт, Грците со согласност на сојузниците, на Бугарија и наметнаа една посебна конвенција која се засноваше врз член 56 алеа 2 од Нејскиот мировен договор1. Конвенцијата предвидуваше „добоволн“ размена на населенијата помеѓу Бугариј и Грција. Ова намерно наметнување имаше за цел да го озакони принудното иселување на Македонците од Егејска Македонија во Бугарија. Но и победената Бугарија во овој случај не даде отпор, бидејќи и самата сакаше на сметка на Македонците да се ослободи од грчкото население што зивееше во тогашна Бугарија, посебно во Пловдив и околината, како и во црноморските градови и села.

За таа цел беше предвидена и гарантираната отштета на нивниот недвижен имот, за што уште од 20 септември 1920 година, беше именувана специјана комиција, позната како Грчко-бугарска комисија на Советот на Друштвото на народите. Во комисијата имаше и двајца странци, полковникот A.C. Corfe од Нов Зеланд, претседател на комисијата и мајорот Mariel de Roover од Белгија, потпреседател на комисијата 2. Во комисијата влегоа иеден Грк и еден Бугарин. Самата конвенција сепак во пракса се покажа одвишна, како и формирањето на самата комисија. За период од три години од именувањето и функционирањето на комисијата се увиде дека ниту Макеоднците, ниту Тракијците кои живееле во амките на грчката држава, а ниту Грците што живееле во Бугарија , немале никаква намера доброволно да ги напуштт своите огништа.

За периодот од есента 1923 година, користејќи ги услугите на мешовитата комисија во двата правци биле иселени одвај 800 лица од кои Македонци биле помалку од една третина, односно не повеќе од 250 лица3.
Меѓутоа, еден друг чинител за Македонците имаше мошне значајна последица за измените на етничкиот состав на Егејска Македонија, а тоа беше Грчко-турскат војна од 1919-1922 година.

Мегалоидеатските аспирации на грчката олигахиска клика кон Мала Азија, посебно кон поморските делови на Мала Азија, кои ги сметаше за свои, како „историско право“, што наводно произлегуваше од некогашната Византиска Империја, за чиј наследник се сметаше, ја доведе Грција во војна со многу посилната Турција. Оваа војна која траеше од 1919-1922 година и во која загинаа многу Македонци мобилизирани од страна на грчките војски, заврши со тотален пораз на Грција. Турција ја искористи победата и на Грција и ја наметна Лозанската конвенција. Таа предвидуваше принудно иселување на сите христијани од турската држава во Грција како и на сите муслимани од Грција во Турција. Исклучок се правеше само за муслиманското население од Западна Тракија и за христијанското население во Цариград, поради посебни долгорочни планови и на двете држави.4 Во пракса, уште во текот на военитеоперации, во 1922 година, Турците насила го гонеле грчкото население од малоазиското крајбрежје кое во текот на 1923 година и 1924 година мораше во целост да се исели во Грција о сила на оваа конвенција. Грција се најде во крајно неповолна ситуација, зашто не само што беше ввоено поразена и економски ослабена, туку засекогаш да с еоткаже од великоидеатските планови за Мала Азија. Од друга страна пак оваа состојба ја искористи 1 230 000 лица да ги насели на територијата на Егејска Македонија. Тоа и овозможи во целост да го измени етничкиот состав на егејска Македонија. Така во овој дел биле населени повеќе од 640 000 доселеници5, додека пак по силата на Лозанската конвенција од Егејска Македонија во Турција биле иселени повеќе од 300 000 Турци и други муслимани од кои голем дел од нив биле македонски муслимани.6

Значи ситуацијата беше искористена и за принудно иселување на Македониците. Под изговор дека се сретнуваат со со тешкотии околу сместувањето на бегалците, во македонските домови биле сместувани по едно и повеќе бегалски семејства.7 Оваа појава беше најкарактеристична во пограничните реони , со цел животот на Македонците да се направи неподнослив. Присилното сместување беше проследено со одземање на ниви, инвертар и друга покуќнина. Не изостануваше и физичкиот терор и други видови притисок. Освен тоа во цела Македонија беа формирани гонечки вооружени одреди, кои, под изговор дека гонат комити, ги малтретираа македонските семејства, вршеа масовни апсења, па дури и поеднинечни и масовни убиства8. меѓу помасовните убиства е убиството на 19 македонски селани од селата Трлис, Краќој и Ловчен, кои, врзани биле убиени на 27 јули 1924 година9, како и масовното апсење на селани и граѓани, Македонци, од Лерин и Леринско во ноември 1925 година, кога повеќето од нив биле осудени на смрт и стрелани, а другите биле осудени на долгогодишна робја.10
Многубројните терористички напаради врзи македонскиот народ од Егејска Македонија довело до масовно иселување во Пиринска и Вардарска македонија кои биле под окупација на СХС и Бугарија, во реоните на Струмица, Битола и Гевгелија.

Овие Македонци беа принудени да се иселат затоа што се најдоа во многу тешки и неподносливи услови, постојано тероризирани, провоцирани од грчките власти и од вооружените групи. Беше природно единствениот излез за спас на нивните семејства да го бараат во бегство, со иселување, мислејќи дека на тој начин ќе се спасат од бесилка, од физичките и психичките малтретирања и дека ќе се ослободат од кошмарот во кои беа ставени, барајќи речативен мир во емиграцијата.12

1. оваа конвенција наречена „Конвенција меѓу Бугарија и Грција за замена и доброволна емиграција на мацинставата“ е објавена во тогашните владини весници на Грција и Бугарија. Целиот текст на Конвенцијата е објавен и во трудот: Wurfbain Andre, Dr. Fs-ciences politiques, L`echangeGreco Bulgaredes minorities etniques. Laisanne – Geneve – Neuchatel- Vevey – Monterux – Ber-ne-Bale, 1930 со наслов Convention entre la Grece et la Bulgarie relative a l`emigration reciproque, signee a Neuilly – Sur – Siene le 27 novembre 1919, p 183-187. Конвенцијата содржи 16 члена и е потпишана од премиерот наГрција Елефтериос Венизелос и министерот за надворешни равоти на Грција Николаос Политис, од една страна и премиерот на Бугарија и министер за надворешни работи , Александар Стамболиски од друга страна.

2. Цитирано дело на Wurfbainр страна 45-46, jacues Frou Dupard, La protection de minorities, Paris, p 215.

3. Ibid, p.178

4. На инсистирање на Грција, Турција се согласи грчката Патријаршија и грчкото население од Цариград да не подлежат на задолжителната размена согласно Лозанската конвенција со надеж дека можеби ќе и се укаже прилика да стане господар над Мореузот и Цариград. За реципроцитет, Грција се согласи муслиманското население од Западна Тракија исто така да не подлежи на оваа задолжителна размена, со интимна надеж дека при поволни историски прилики ќе може повторно да загосподари со оваа област.

5. според овие официјални статистички податоци во текот на 1922 година и потоа, во Егејска Македонија биле донесени 538 595 лица, а пред тоа 107 748 лица, односно до 1928 година во Егејска Македонија присилно биле донесени 640 343 колонисти.

6. Најмногу Македонци муслимани имало во Мегленска околија, а делумно и во другите околиии

7. VERITAS, Македония подъ иго 1919-1929. Документи и свидетелства. София 1931. Од вкупно 707 документи, колку што се објавени во оваа книга, најголем дел се однесуваат на таквите видови притисоци. За ова се зборува и во цитираното дело на Wurfbain Andre.

8. Според Les cahiers de droits de l`homme, No 24/25, 30/XI/1927, од 1 јануари 1919 година до 1 јануари 1926 година, во Егејска Македонија биле убиени 104 лица, имало 95 силувања од кои 26 врз девојчиња помали од 14 години, 3 464 затворени, 2 327 мачени и 1 165 ограбени и насила изгонети семејства.

9. За колежот во Трлис: Rapport du commandant Marcel de Roover et du Lt. Golcne A.C Cofre, Mebres de la commission mixte nommes par le Conseil de la Societe des Nations relative a l’emigration Greco-bulgare sur les evenements de 26 ete 27 juillet 1924 dans la region Tarlis – 1924 P.PXXXVII-XXXIX. VERITAS, Македония подъ иго 1919-1929 страна CLV-CLIX. За ова свирепо убиство пишувале речиси сите европски весници од крајот на јули до почетокот на август 1924 година. Многу материјали и вести има и во извештаите на новинската агенција „Авала“ од Белград, како и во „Јужна Звезда“, која излеуваше во Битола.

10. VERITAS, Македония подъ иго 1919-1929, документ број: 217, 223-228, стана 128-137. „Јужна Звезда“ од истиот период.

12. АМ, фонд на македонскиот национален комитет – Софија. Извештај на Националниот комитет на македонските благотворителни братства – Софија 1926 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.