|
|
Организатор на првите чети во Македонија бил Македонскиот комитет |
Мелничко востание
Првата провокација била направена околу година дена по основањето на Македонската револуционерна организација и затоа таа сѐ уште не можела сериозно да се спротистави. Организатор на првите чети во Македонија бил Македонскиот комитет подоцна познат како Врховен комитет од Софија на чело со Трајко Китанчев. Овој Комитет бил организација на македонска емиграција која се залагала автономија за Македонија и тие сакале да го привлечат вниманието на Големите сили за решавање на Македонското прашање но целата акција била злоупотребена од бугарскиот двор и влада. Акција станала позната како Мелничко востание, на воен план завршила катастрофално имало голем број на загинати, ранети и заробени. По акцијата бугарската влада ја откажала подршката за Македонскиот комитет и почнала да ги собира плодовите од оваа авантура. Имено во почетокот на 1896 година кнезот Фердинанд I бил признат за законски владетел на Бугарија од Русија, западно европските држави како и од Отоманската Империја, а Бугарија себе си се преставила како фактор од кој зависи безбедноста и мирот на Балканскиот полуостров. Меѓутоа таа авантура била преседант за идните акции или како што истакнал Крум Христов: Трајко Китанчев со својот авторитет ја покривал подготовката на првата престапна авантура на дворот, која отвора цела ера на врховистички престапи кон Македонија |