Среда, 10 Декември 2014   
Докази дека во Елада (тн. Грција) се говорел само наш македонски или т.н. словенски јазик

Risto Ivanov
Ристо Ивановски

Историски било потврдено дека во Елада (т.н. Грција) се говорел само наш т.н. словенски јазик. Следи според Херодот, Тукидид, Платон... во Елада се говорел само варварски јазик кој бил пелазгиски, всушност наш т.н. словенски.

Бидејќи Елада била Пелазгија, и Атина била пелазгиска, во нив друг јазик не можел да се говори освен само пелазгиски. Па истото било и за Македонците. Според Јустин, Македонците биле еден пелазгиски народ. Овде се говори за народ. А ова било само поради тоа што само Македонците имале своја држава, како спротивност на Елада која никогаш не била држава. Tаа била само град-државa. Па и токму затоа таа никогаш немала свој еладски народ. Следи секогаш Елада била македонска, а никогаш обратно.

Со наводот се докажува, не можеле Еладците да им го наметнат нивниот јазик врз Македонците ако тој за помоќните Македонци не би бил разбирлив, досега историски е потврдено дека само владеачкиот народ го наметнувал својот јазик врз потчинетите. Бидејќи ваква била состојбата, зошто само Македонците би го прифатиле еладскиот јазик ако тој за Македонците не би бил разбирлив?! Следи заклучокот, Македонците со своја држава и народ владееле врз Еладците со истиот варварски-пелазгиски јазик. Со ова се потврдува, Македонците и Еладците имале еден ист јазик кој бил само варварски-пелазгиски јазик.

Бидејќи во Елада не бил службен атинскиот говор, на кого не се пишувало (Лукијан), се пишувало на јонски јазик, јазик-говор, потврдено и со Херодот кој живеел и во Атина. Па и тој творел на јонскиот. Исто така, на јонскиот пишувал и Аријан. Тој Индијската историја ја напишал на јонски, иако тој пишувал и на коине (т.н. старогрчки) и латински.

Па кои биле Јонците? Според Херодот, Хелените во Јонија биле Варвари. Па Варвари биле и Македонците. Дури Демостен говори за Филип Македонецот како Варвар и тоа наспроти Хелените. Следи хеленски јазик бил и јонскиот кој бил разбирлив во Атина, на кого била пренесена и Илијада. Токму со атинската Илијада на јонскиот, Македонецот Аристотел неа ја носи во Македонија. Токму за време на Филип Македонски се прифатил јонскиот со јонското писмо од Милет. Ова било само поради тоа што јонскиот имал долга традиција, тој бил усовршен за пишување, но никако атичкиот на кого многу тешко се пишело. За да се долови вистината, еве еден пример со Григор Прличев. Тој пишувал извонредно на коине, кој бил христијански и т.н. византиски јазик, но многу тешко на брзјачки. Ова објаснува дека пишувачката традиција на Јонците била стара и развиена, но не атичкиот и брзјачкиот говор во 19 век.

Бидејќи овде се говори за Брзјаци, а според наводите на Херодот, Брзјаците биле на бригиски простори, бриг=бриж=брж=брз + јак = брзјак, кои ја создале Анадолија и Ерменија, а историски се говори во Мала Азија и за Фригија, јазикот во Мала Азија, Балканот и Италија бил еден ист. Еве го доказот: Дионисиј Халикарнишки кој во Рим живеел во 1 век н.е. запишал, Римјаните говореле варварски и пелазгиски. Значи, само на наш т.н. словенски јазик. Дека ова така било, неслучајно, што овој најпознат јазичар она што го пишува за Римјаните го одбегнувале. А како не ќе го одбегнувале, кога со неговиот доказ се потврдува дека во Италија се говорел само наш т.н. словенски јазик. Па Италија била само венетска. Значи, само т.н. словенска.

Пак, латински бил наследник на коине. Латинскиот не го создал некаков си Римјан или било каков Латин, туку само еден Греик (Грк) Лив Андроник, и тоа од 240 г.п.н.е. Значи, како што Рим со својот Ватикан со милениуми не` лаже за коине, не` лаже и за латинскиот. Па како може коине и латински да се народни јазици, кога тие до денес се мртви!

Римскиот историчар Прискус (5 век), кој го опишувал пратеништвото од Константинопол кај Атила 448 година, напишал: (Жителите во Панонска низина, Р.И.) „мешајќи се со разни народи го научиле готскиот, хунскиот и латинскиот, а меѓу себе го говореле својот варварски јазик“.

Се говори за готски, хунски и латински, а никаде го нема коине. Со ова се потврдува коине тогаш бил само христијански јазик, но никако државен. Тој како единствен државен јазик постанал само со Хераклиус. Со ова се заклучува, народен бил само варварски=пелазгиски=т.н. словенски, кој бил т.н. Хомеров, т.н. Платонов... јазик. Пак, коине бил само Александриски Птоломејов јазик, чија прва граматика и прв речник биле составени само во 300 г.п.н.е. само во Александрија. На него пишувал Апостол Павле, но не на службениот јазик во Атина. Коине како христијански, а Православно Царство била т.н. Византија, бил и т.н. византијски јазик (Фалмерајер, 1830; Хан, 1865...).
Бидејќи варварски=пелазгиски бил т.н. словенски јазик, а Елада не можела да биде како посебна без ист т.н. словенски јазик, затоа што таа би се „удавила“ во тоа наше т.н. словенско море. Во прилог се наведуваат само некои докази:
Макс Фасмер за Тесалија, на стр.85, пишува „Велегезитаи, чија област во 12 до 13 век се викала Велегезас“...„чие образување воочливо се согласува со името на Антите Тазиархос Доврагезас“. Антите и Склавините имале ист пелазгиски јазик.

Макс Фасмер, на стр. 18, пишува: „Конечно од 15 век уште за понатамошниот живот на Словените на Тајгетос како сведок е местото од опишувањето на патувањето на Ласкарис Канонос за Deutschland и северните земји да се спомене, чие постанување Василјев (Buzeskul-Festschrift стр. 397) го поставил во 1412- 1418 година. Таму Гркот (Ромеецот, Р.И.) исто така го опишува опкружувањето на Либек и таа земја ја нарекува Stlavounia. Тој тогаш ја додал забелешката за сродноста на либекските Словени со Зигиотите на Пелопонез“.

Ова говори, таму се говорел само: варварски=пелазгиски=склавински јазик.

Значи, Склавините во Пелопонез и оние на Либек биле „сродни“. Следи Еладците како Македонците во 15 век говореле склавински=т.н. словенски. Па овој бил само варварски=пелазгиски=т.н .Хомеров= т.н. Платонов=т.н. словенски. И сé е јасно.

Ф.Ј.Фалмерајер (1836), на стр. 447, пишува: „На рамницата напротив, во селата и местата, на планините како и на рамниците, биле населени како четврт елемент Стлавиноите, т.е. наследниците на преостанатите оние московитски и сусдалските Словени, кои делумно биле навлезени, делумно населени за време на создавањето на големото бугарско царство на Полуостровот, и кои на сведоштвото на Атињанинот Халкокондилас од Спарта до Кап Тенарус уште годината 1470 п. Хр. по обичај и јазик потполно биле слични на московитските Сармати...“

Значи, во 15 век од Москва се говорело т.н. словенски јазик низ цел Балкан со 100% Елада (т.н. Грција)! Па како може да опстои било каков хеленски народ со посебен јазик различен од варварски=пелазгиски= т.н. словенски ?!
Следи прашањето: кој бил тој хеленски јазик со кого би морало да има посебен хеленски јазик, неразбирлив за Македонците и денешните нивни наследници-нашиот македонски народ? Само коине! Кој за него пишува, дека тој бил јазик на Елада? Фалмерајер и сите други! 

Што Фалмерајер (1830) нашол во Елада? Во неа немало Хелени кои би го говореле хеленскиот јазик коине, туку само Словени со словенски јазик!

Па кои биле Словените? Народ чиј јазик бил варварски=пелазгиски, на кого говорел Платон...

Авторите пишуваат, коине бил атички јазик! Пак, Лукијан (2 век н.е.) од Самосота запишал, на атички не се пишело-се` морало да се преправа на коине! Па што напишал Аријан (2 век н.е.). Tој пишувал на јонски, коине и латински! Па никаде го нема атички, како што во 19 век кај Григор Прличев го немало брзјачкиот говор, кој му бил мајчин и татков јазик: јазик=говор.

За ова самиот Рим си се наседнал! На неговиот автор Куртиј Руф најстар манускрипт му бил од 9 век, а книгата е печатена само во 15 век. Само во оваа книга се говори дека коине постоел за време на Александар Македонски-во ниедна друга. Па таа била само римски фалсификат.

Меѓутоа, во Елада се говорел како на московски говор! Зошто? Во 15 век т.н. словенски говори биле блиски. Ова било повод што во 9 век македонската династија го задолжила Константин Филозоф од коине да ги отфрли семитските зборови, и се дошло до црковенсловенски јазик, кој 100% бил т.н. Платонов јазик.

Пак, еладскиот јазик катаревуса го прифатила Цариградската патријаршија само во 1868 година. Јазикот го правел Кораис во Париз и тоа по налог на Виена и Минхен, и тој бил само реформиран коине, четирипадежен како што бил германскиот. Бидејќи народот во Елада го немал дативот, а коине бил дативен јазик, се дошло до димотики без датив. Конечен заклучок: без дативна Елада нема врска со коине.

Бидејќи Еладците биле вештачки и нов народ, најголем изрод на пелазгискиот јазик, итно да се прекинат расправите за името и за се` друго македонско.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.