Коментари
Среда, 21 Декември 2016 04:06   
Македонскиот народ кажа стоп на странско мешање

svekrva
Свекрва

По фарсата во Државната изборна комисија, каде под притисок на надворешниот фактор требаше да се изигра вољата на народт, гласот на гневниот македонскиот народ, го артикулира победничката партија која излезе со историски Проглас на ВМРО ДПМНЕ во кој соопшти дека веќе нема да толерира странско мешање во внатрешните работи на земјата и дека ќе се бори против кантонизација на земјата и за контрола на парите на СОРОС во Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 21 Декември 2016 04:05   
Нема да дозволиме никој да се поигрува со трпението на македонскиот народ

makedonska-nacija-logo-90
Македонска нација

По осамостојувањето во 1991 година, странскиот фактор покажува голем интерес и индиректно или директно почна да се меша во внатрешните работи на земјата. Во клучните моменти за македонскиот народ, под нивно патронство се носат одлуки кои често се спротивни на интересите на македонскиот народ и држава. Враќајќи го времето на назад, доаѓаме до еден од нај еклатантните пример за нивното мешање. За оние кои заборавиле да ги потсетиме на референдумот од 7 ноември 2004 година, кога граѓаните се изјаснуваа во врска со новоусвоениот Закон за територијална поделба на Република Македонија од страна на СДСМ.

Повеќе...
 
Среда, 21 Декември 2016 04:04   
Секој Македонец ќе биде Груевски

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Овие платени соросови инсталации како Тричко, Геро и сличните не разбираат една работа. Не е проблемот на СДСМ Груевски или било која поединечна личност кај противникот им толку омразен. Денес е лидер Груевски, утре ќе биде друг, трет ... и што ?

Повеќе...
 
Среда, 21 Декември 2016 04:03   
Манастирот „Св. Богородица – Трескавец“ (2)

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Црквата во манастирот Трескавец е посветена на Успението на Пресвета Богородица. Таа е еднокорабна градба, со тристрана олтарска апсида на исток и бочни капели, изградена во почетокот на XIII век на остатоците на ранохристијанаки храм, кој во XIV век бил обновен и даруван од српскиот Стефан Урош II Милутин. Цар Душан станал ктитор на манастирот после победата над Византија во 1334 година. Податоците за изградбата на средновековниот манастир со црквата „Успение на Пресвета Богородица“, за жал, не се зачувани. Единствен извор за неговото постоење од првата половина на XIII век се Трескавечките повелби на Цар Душан, во кои е истакнато дека Трескавец бил под јурисдикција на Охридската архиепископија. Како дарител на манастирот се споменува и српскиот Стефан Урош II Милутин, а подоцна царот Душан и неговиот син Стефан Урош V. Датирањето на манастирот од почетокот на XIII век се поткрепува и врз основа на архитектонската конструкција на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, која е доградувана во неколку фази.

Повеќе...
 
Среда, 21 Декември 2016 04:01   
ЈАС НЕ ЈА ДАВАМ МАКЕДОНИЈА!

zoran-pejovski
Зоран Пејковски

Цели две и пол години Македонците се жртви на тероризирање. Тоа некако го издржавме, собиравме внатре во себе, ја потиснувавме направената неправда, траевме надевајќи се дека некој ќе се свести и ќе размисли дека ова е Македонија и по наш македонски начин ќе живееме.

Дојдоа изборите на 11-ти декември, поминаа во најголем ред, како што и носи редот, никакви забелешки, ниту од домашните, ниту од туѓинците-мешетари. Резулатот беше познат 51:49. Со ваков резулат победникот требаше да формира влада, и да се одвива се онака како што треба, како што носи редот, арно ама, некој сакаше дестабилизација, некој на заминување сакаше да ни го замајчи на сите. Па наеднаш, тие што ги загубија не ги признаваа резулатите.

Заедно со надворешниот непријател го свикаа политбирото да се консултираат како и што да направат да се држе народот во една тензична и безизлезна состојба за да му излезе гневот на улиците. Народот излезе, но гневот не. Овој народ покажа дека е достоен за почит, и не дозволува некој да се игра со Македонија, да ја кројат и прекројуваат по нивна мерка. Овој народ, достоинствен, патриотски покажа како се сака сопствената држава. Како се сака Македонија.

Сите бевме сведоци на изјавите на Заев во Швајцарија за федерализација, кантонизација, за надминување на Рамковниот договор, за двојазичност дури и онаму каде што нема Албанци, за менување на Уставот на РМ, за уривање на унитарноста на Државата, а чувме и гледавме за грдото лице на Македонецот, а тој ти бил оној, патриот кој ја сака сопствената дражава.

Чувме се, и повеќе од јасно ни стана на каде ја водат работата странските мешетари, оние кои се мешаат во внатрешните работи на една држава, оние заедно со домашните предавници кои сакаат да ни ја распарчат, да ни ја одземат, да ни ја уништат Македонија.

Жалам што рамо до рамо не излегоа оние најповиканите, да ја бранат Македонија, Уставот, унитарноста, државноста, целовитоста. Да ги бранат вредностите на Македонија. Не излегоа оние кои умеат да се удираат по гради. Жалам, што со загрижените Македонци, со оние кои ноќи не преспаа за да ја зачуваат државата, кои се премрзнуваа и на -10 степени Целзусови останаа единствени со својот македонски патриотски дух, не излегоа да ја одбранат честа на Македонија.

Ја немаше Македонската православна црква и владиците да застанат на страната на народот на Македонија, на одбраната на Државата, да ја сопрат желбата за федерализација, кантонизација, двојазичност, желбата за распарчување на Република Македонија и нејзиното згаснување. Па тогаш, кога ќе ја нема Македонија на кого и на што ќе бидат свештено служители. Зарем, вам вие е сеедно дали Македонија ќе згасне, дали Македонија ќе биде распарчена, кантонизирана и федерализирана. Треба да се срамите сите владици што не излеговте меѓу народот за да им дадете поддршка оти Македонија е доведена пред свршен чин.

Тука е и Македонската академија на науките и уметностите. Затоа би ги запрашал, чија и каква Академија ќе бидете, ако ја нема Македонија. Чии и какви академици ќе бидете вие кога при очи отворени молчите и не сакате да согледате дека Македонија е доведена пред ѕидот за отстрел. Или си седите во вашите удобни станови, во академските фотелји, па од месец во месец го чекате паушалот од 30.000 денари, кој не го ни заслужувате. На народот оној излезениот оваа измината седмица му требавте, а и вашата должност е да бидете меѓу нив, а не само да седите од страна и да претурате од шупливо во празно. А вие го оставивте народот да ви ја одбрани честа, па после, онака како што умеете ќе се китите со туѓи пердуви. Верувајте, ваква Академија не ѝ е потребна на Македонија, затоа што вас ниту во интересира Македонија, ниту македонскиот народ, ниту патриотизмот.

Каде се и уметниците, композиторите, писателите, режисерите, актерите, сите оние на кои не ви се скратени удопствата, кои работите во културните институции, кои добивате пари од Министерството за култура, за вашите публикации, книги, претстави, филмови и разни проекти кои ви ги поддржува Државата. Какви ќе бидете вие уметници?! Федерализирани, кантонизирани, распарчени, како што ја подготвуваат Македонија да биде. Каде сте да застанете и патриотски да ја одбраните, својата Македонија, ако така ја чувствувате.

Каде се сите оние институции кои се повикани да ги штитат интересите на Државата, на Македонија од оние кои сакаат да ни ја урнисаат државата, кои ја продадоа душата на ѓаволот. Каде сте сите вие да излезете и да ја одбраните унитарноста на Македонија, единственоста на Македонија, да речете не за федерализација и кантонизација. Ама за жал ве нема. Затоа ве повикувам, народе мој убав, свестете се, разбудете се,сите сакаат да ја сотрат Македонија, да ја нема, а тоа ќе ни го направат само ако ние како Македонци тоа им го дозволиме. Јас го сакам мирот, јас ја сакам Македонија, сите овие мешетари од странските амбасади, ОБСЕ, и што ти не знам кој друг ќе заминат од тука, ќе останеме ние, кои ќе си ги ваѓаме очите меѓу себе. Вие сте Македонија. Тие го имаат својот план, треба да не истребат, а ќе не истребат, ако не се свестиме. Не заборавајте ја историјата, и што сѐ ни правеле тие, прво надворешни, а потоа и петтоколонаши-внатрешни непријатели, квислинзи - предавници на татковината и слични на нив. Македонија е библиска земја, Македонецот е библиски народ, ние, како Македонија ги имаме сите светци низ црковната историја и се поклонуваме пред нив. Ги имаме светителите Кирил и Методиј, светителите Климент и Наум Охридски и други светители пред кои се прекрстуваме и бараме прошка од нив за нашите гревови. Зарем вие ќе дозволите да ни ја земат светоста наша македонска.

Затоа присетете се на царот Самуил и предавствата што се случуваа околу него само да не сотрат како род, да не постои ништо што би го врзувало со ова поднебје, а тој ги пуштал учените луѓе да ги подучуваат другите на христијанство, на православие, тој ги испраќал најдобрите градители да градат цркви и манастири кон истокот и пошироко.

Јас сум Македонец, мене најсвета ми е Македонија, јас нема да дозволам Македонија да биде распродадена. Со неа и нејзината судбина нема да се пазарат разни исфрустрирани фаци, разни амбасадори кои не третираат како малоумни, (не биле во ДИК, и не вршеле притисок, а фотографиите го зборуваат сосема спротивното), истите тие сакаа да ни одземат територија во Македонија за да ни ги стационираат бегалците, па после ние со нив да си кршеме глава. Еден милион сакаа да ни наметнат, да не го заборавиме тоа. И после веднаш ќе се сменеше демографската слика на Македонија. Е затоа во нивните очи се гледа само омразата и нивната желба да не постоиме како Македонци, а таквата омраза за жал, кон сопствениот народ се гледа и кај нивните подлизурковци.

Разбудете се и сфатете го ова, сега е крајниот час да се одбраниме од нивната наезда, од рушењето, од распарчувањето на Државата, преку нивната желба за федерализација, преку менување на Уставот, двојазичноста, кантонизацијата, надминување на Рамковниот договор, а кога ќе сфатите, помислете дека тогаш можеби и да биде доцна оти нема да постои Македонија.

Ова веќе не е политика, оти на Македонија ѝ се заканува црна судбина, ќе ја биде или не. Оставете ги личните интереси, гледајте ги интересите на Македонија.

 
Среда, 14 Декември 2016 04:05   
Сам против сите, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата избори 51 пратеник, наспрема 49 за СДСМ

svekrva
Свекрва

ВМРО ДПМНЕ издвојува уште една голема победа!

На 11 декември, во фер и демократски избори повторно победи ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Повеќе...
 
Среда, 14 Декември 2016 04:04   
На Бејли пулените Тричковски, Геро, Политико и стотина како нив

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Божја некултура и гадотии форсира Америка преку Амбасадорот им ценет Бејли. Има ли некој храброст ова да им го соопшти и тресне во лице?

Повеќе...
 
Среда, 14 Декември 2016 04:03   
Манастирот „Св. Богородица – Трескавец“ (1)

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот Св. Богородица – Трескавец е значаен духовен центар на Македонската православна црква - Охридската архиепископија. Тој се наоѓа на 10 км од Прилеп, на 1.280 метри надморска височина, меѓу карпите на Златоврв и до него се доаѓа со пешачење по козји кривулести патеки. Тој е најубавиот и најскриениот манастир во Македонија. Во рамките на манастирот се наоѓа црквата  „Успение на Пресвета Богородица“, а има свои конаци и трпезарија. Погледот од манстирот дава прекрасна слика на околните планини и Пелагонија.

Повеќе...
 
Среда, 14 Декември 2016 04:02   
Нас ќе не биде! МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА БИДЕ! Туку тие за каде се?

Maja_Daniels-2
Маја Даниелс -

ЧУВАЈ НЕ БОЖЕ ОД ПРИЈАТЕЛИТЕ, ОД НЕПРИЈАТЕЛИТЕ САМИ ЌЕ СЕ ЧУВАМЕ!!

Повеќе...
 
Среда, 14 Декември 2016 04:01   
Ова е голема, а не сурова победа!

kostadin-kepricovski-22
Костадин Керпичоски

Прочитав некаде дека ова било сурова а не голема победа. Прочитав исто така кај комуњарските портали дека всушност Зоран Заев треба да слави за тоа што ја смалил предноста на ВМРО-ДПМНЕ. Всушност прв пат слушам дека некој слави зошто изгубил со малку освен ако се земе во предвид колку е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ и колку е далеку далеку понапред од СДСМ.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.