Тихомир Каранфилов
Зрзенскиот манастир „Свето Преображение Хрустово“ е средновековен православен манастир крај селото Зрзе. Манастирот се наоѓа на 34 км. северозападно од од градот Прилеп, на 1000 м. надморска височина, во подножјето на планинскиот масив Даутица. Тој е укрепен манстир и збег поради што е познат уште како „Свети Спас“. Според преданието се раскажува дека во тој манастир бил венчан Волкашин и неговиот син Крал Марко. По смртта на крал Марко во 1395 г. на манастирот му биле одземени бројните имоти и привилегии. Денес тој е дел од Преспанско-пелагониската епархија и седиште на секратарот на Светиот архиерејски синод на на МПЦ ОА епископ Климент Хераклејски.
|
|
Среда, 09 Ноември 2016 04:01 |
|
Каде сме, каде застанавме?
|
Гордана Димовска
Многупати пишував на важни теми за македонските национални обележја, јазикот, името, за патриотизмот, ја искажав гордоста со македонската мудра нација (моја статија) со нашите претци кои оставија силен белег во македонската историја. И ако не беше нивна борба и жртва не ќе бевме и ние денес толку горди на своето потекло и не ќе се нарекувавме МАКЕДОНЦИ. Но освен гордоста со минатото, ние денес имаме и одговорност да ги браниме сите тие достигнувања, да го браниме идеалот на нашите борци во сите периоди од постоењето на Македонија. Но како? Во статијата “Иселенци пратеници“ објавена во Македонска нација на 27 април 2011 ја истакнав важноста ние иселениците да добиеме право на глас во Р. Македонија, да се воспостават цврсти, стабилни мостови на соработка со татковината. Па така со донесувањето на Законот за право на глас на Иселениците се доби отворен простор и можност тие мостови да почнат да се градат и зацврстуваат. Но спрема досегашните искуства и резултати, се чини дека не стасавме многу далеку. Начинот на гласање, начинот на добивање пасоши, комплексната процедура, запазување на роковите за пријавување, незадоволство од изборот на кандидати за пратеници се огромна пречка која стои на патот и не дозволува доградување на тој посакуван цврст мост дијаспора – татковина.
|
|
Свекрва
На 4 ноември 2004 година САД ја призна Република Македонија под уставно име. Десет години потоа, во септември 2014 година, непосредно пред доаѓањето во Македонија, новоименувааниот амбасадор на САД во Македонија Џес Л. Бејли пред Комитетот за надворешна политика во Вашингтон неочекувано изнесе став со кој го негираше постоењето на македонскиот народ.
|
|
Македонска нација
СДСМ со својата политика по секоја цена да дојде на власт ја отвори пандорината кутија. Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави пред албанските младинци во Чаир решенија кои ќе доведат до нов Рамковен договор и до бинационална држава.
|
|
Александар Џеповски
Нема апсолутно никаква дилема за дијаспората во Австралија да гласа за предвидените избори на 11 декември 2016, доколку ги има. Нема дилема ни тоа кој ќе победи. Дури и врапчињата знаат. Кој како сеел сега или порано, така ќе си жнее.
|
|
Тихомир Каранфилов
Манастирот „Св. Богородица – Матејче“ познат уште како Жеглиговски манастир или Матејчки манастир се наоѓа во атарот на кумановското село Матејче. Подигнат е на надморска височина од 1005 метри, на југоисточните падини на планината Скопска Црна Гора. Манастирскиот комплекс е сочинет од црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица и конаци. Во воениот конфликт во 2001 година манастирот претрпе сериозни оштетувања од страна на албанските паравоени формации кои манастирот го користеле како штаб. Извршени се интервенции врз комплексот и денес се оспособени за посетители, но поради сериозноста на оштетувањата неповратно е изгубен дел од богатото македонско културно наследство.
|
|
Среда, 02 Ноември 2016 04:02 |
|
Финансиски махинатор
|
Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп
Во последно време во опозиционите кулоари на големо се шпекулира и од ден на ден е извесно дека за претстојните вонредни парламентарни избори носител на листата во 4-ката да биде повторно актуелниот прилепски пратеник нарцисоидната личност Хари Локвенец. Посебен акцент става аболицираниот лидер Зоран Заев,алијас Зоки Фантомчето за 4-тата Изборна единица од проста причина што истата го опфаќа струмичко - прилепскиот регион. Ако се има пред вид фактот дека приватниот бизнисмен и универзитетски професор Хари Локвенец е близок пријател на зајчето очекувано беше да ја добие довербата по втор пат да биде потенцијален капитен на опозициониот табор во 4-тата Изборна единица.
|
|
Костадин Керпичоски
Руинирани простории во јавното здравство, никаква апаратура и опрема а да не зборуваме за современа и современи методи, редици и колони и “мито”-материална корист за зачувување на редот или прескокнување на истиот во болниците, така некако изгледаше сликата во здравството пред добри десет години кога СДСМ беше на власт!
|
|
Свекрва
Во последниот квартал на 2016 година Балканот станува уште еднаш „европска арена“ која ќе го привлекува вниманието на Западот и Русија. Елитите кои посакуваат нова војна на Балканот го потпалуваат бурето со барут, а преставниците на меѓународната заедница со своето однесување наместо да ги спречат допринесуваат тоа да се експлодира што е можно поскоро.
|
|
Манојил (Мане) Јаковлески
„ДИК ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање за претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб-страницата на комисијата“ - соопштуваат од ДИК.
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |