Свекрва
Со векови иста слика. Како нашите претци, така и нашите деца, во потрага по изворот на „вечниот“ поубав живот, заминале, заминуваат или сонуваат да заминат од мајчината грутка во некоја туѓа далечна земја. Кога сонот ќе стане јаве и кога реалноста ќе ја избрише идиличната слика за ветената земја, кога осаменоста ќе го затемни сјајот на материјалните добра, почнуваат корените да влечат и носталгијата да јаде. Ја чуствувате празнината во душата, горкото чувство во устата и страшната желба во секој моментот да се вратите на родната грутка.
|
|
Манојил (Мане) Јаковлески
Социјалдемократите ја туркаат земјата во нов конфликт
Планот за дестабилизација на Македонија и преземање на власта со формирање на марионетска влада на чело со СДСМ не успеа, па сега свесни дека народот нема да им дозволи да успеат на договорените избори во ноември, свесно одат на нова дестабилизација на земјата. Сега, за да ги придобие гласовите на Албанците, лидерот на СДСМ ја турка двојазичноста на целата територија на Македонија, нешто што македонскиот народ не може да го прифати. Со оглед дека албанските партии се сите за двојазичност во цела држава, ваквите постапки на лидерот на СДСМ Зоран Заев свесно ја туркаат земјата во дестабилизација и конфликт од пошироки размери.
|
|
Тихомир Каранфилов
Земјотресите во Македонија се релативно чести и се групираат во три региони: по должината на границата со Албанија и по долините на Вардар и на Струма. Нивните жаришта се релативно плитки (неколку десетици километри) со што нивното влијание е ограничено на помало подрачје. Од 1901 до 1996 г., во регионот до 100 км од границите на РМ имало 27 потреси со магнитуда што надминува 6 степени според Рихтеровата скала од кои два биле со магнитуда повеќе од 7. Најсилен бил земјотресот од 1904 г. во регионот меѓу Пехчево и Кресна (сега соседна Бугарија), а потоа следува земјотресот кај Валандово во 1931 г., а најголем број човечки жртви и материјални штети имало во Скопскиот земјотрес од 1963 г. (М.Е. Скопје, 2009 г.).
|
|
Среда, 21 Септември 2016 03:02 |
|
Прилепчани се плашат од поплави
|
Дипл.Екк.Рубинчо Јованоски од Прилеп
По прочистувањето на Избирачкиот список, формирањето на ад-хок телото за следење на медиумите во текот на изборниот процес, поставување на Главен уредник на информативната програма на нациоиалниот сервис на МРТ и што е најважно со формирањето на Техничката Влада се чувствува развиженост во Градот под марковите кули во пресрет на вонредните парламентарни избори закажани за 11 декември оваа година.
|
|
Костадин Керпичоски
Ништо ново за вечно опозициската партија, како во минатото така и сега, партија која не се бори за Македонско национално единство, партија која разнебитувањето на Македонскиот народ е приоритет.
|
|
Среда, 14 Септември 2016 03:05 |
|
Нема потреба од паника
|
Свекрва
Веќе два дена, по неделниот земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер, последователни замјотреси го тресат Скопје. По серијата од десетина помали земјотреси во понеделникот вечерта уште еден силен земјотрес со магнитуда од 4 стапени по Рихтер го потресе Скопје. Сепак, тоа не се силни земјотреси и се работи за т.н. афтершокови. Искуството, според експертите покажува, дека во скопскиот регион земјотреси со магнитуда од 4 степени се случуваат на десетина години, оние со магнитуда од 5 степени на сто години, додека оние со магнитуда од 6 степени по Рихтер на 500 години.
|
|
Македонска нација
Светилникот во Александрија, едно од седумте светски чуда, беше изграден меѓу 280 и 247 година пред нашата ера на островот Фар(ос), во близина на Александрија, Египет, од страна на македонската династија на Птоломеидите. Овој светилник беше една од највисоките градби на античкиот свет висок меѓу 393 и 450 стапки (120 и 137 метри), како доказ на македонската величина, чија светлост можеше да се забележи на 60 км од брегот на Александрија. Неколку земјотреси меѓу 956 и 1323 година, сериозно ќе го оштетат за да при последниот биде срушен.
|
|
Александар Џеповски
Што да помисли човек, ќе згреши. Дали ова земјотресите и поплавите и секоја непогода или несреќа ќе ја препишуваме на Горниот, нашата инертност или некаков адекватен научен доказ за теорија на релевантноста ? Ајде биди после паметен и речи што ви реков порано, се сеќавате ?
|
|
Тихомир Каранфилов
По обилните дождови кои паднаа во летото 1929 година во цела Македонија и во добар дел на северна Србија, од надојдените води најмногу настрада Скопје. Налетот на водата вечерта на 23 август 1929 година бил катастрофален за Скопје, при што биле уништени или оштетени од 800 до 1000 куќи, а штетата во Скопје првично се проценила на 50 милиони динари. Меѓутоа, од надојдените води дошло до излевање на реките повеќе места, при што делумно бил поплавен и пазарот во Велес.
|
|
Костадин Керпичоски
Да, актуелна е оваа тема, главен муабет е низ град, непогоди го зафатија главниот град на Македонија Скопје и околината.
|
|
|
|