Култура и туризам
Среда, 21 Септември 2016 03:44    PDF Печати Е-пошта
Мотивот за ламјата

lamja-180Не само ликот, туку и името на натприродното суштество ламја (кое често е застапено во македонскиот фолклор) е наследено од античката митологија. Станува збор за истоименото митолошкото суштество ламја (lamia) која се среќава во одделни содржини на оваа митологија.

Повеќе...
 
Среда, 21 Септември 2016 02:31    PDF Печати Е-пошта
Манастирите на Матка

sv-andrej-matka-180Во живописниот предел на вештачкото езеро Матка, од двете страни на клисурата на реката Треска се наоѓаат средновековните манастири „Св. Андреја“, „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка и Свети Никола Шишевски. Скриени меѓу високите и стрмни карпи, пред изградбата на хидроцентралата Матка тие биле тешко достапни, а и денес да се пристигне до Шишевскиот манастир потребно еден час пешачење. До средината на XIX век манастирите се оддржувале, но „од арнаутските инвазии зградите биле разрушени, а калуѓерите прогонети и манастирите запустеле одкако земјата била завземена од албанските дојденци“. – пишува Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Повеќе...
 
Среда, 21 Септември 2016 02:27    PDF Печати Е-пошта
Дело за уметноста и сопствениот идентитет

umetnost-identitetВо историјата на државите и народите, многу  често, настаните на одделни периоди  се важни и значајни за натамошниот државен и народен опстој. Така и денес во 21 век кога Македонија е самостојна и суверена држава, врз грбот на македонецот тежат туѓоземните политички игри околу името на државата, пред се отвореното и крајно нападно форсирање на негацијата на името од Грција и задскриената полтронска подршка за свои цели од соседите и некои европски помагатели.

Повеќе...
 
Среда, 14 Септември 2016 07:06    PDF Печати Е-пошта
Манастирот Св. Пантелејмон во Нерези е дело на македонското градителско искуство

pantlejmon-180„Црквата е дело на македонското градителско искуство. Таа е украсена од Алексеј Комнен, а кога е основана не се знае. Г-дин Мавродиев вели дека е постара од  XI век (ибид. 67).“ –пишува Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Повеќе...
 
Среда, 07 Септември 2016 03:03    PDF Печати Е-пошта
Живописот во Марковиот манастир потсетува на модернизам

markov-manastir-180Марков манастир е сместен јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова река, на 20 км од Скопје. Во минатото монашкиот живот бил мошне активен во овој манастир и тој бил еден од најзначајните културно просветни и книжевни центри. Во почетокот на  XIX  век негов игумен бил познатиот македонски просветител Кирил Пејчиновиќ (1801 - 1818), кој тука ја напишал својата книга „Огледало“. Меѓутоа, манастирската библиотека била разграбена, а манастирот станал засолниште на разбојнички банди кон крајот на истит век. Денес во манастирот е обновен монашкиот живот.

Повеќе...
 
Среда, 07 Септември 2016 03:02    PDF Печати Е-пошта
Село Кнежино (Кичевско), Кнежин манастир

George Knezhino-180Еден четврт саат од г. Кичаа, од кај што сонце заоѓат, имат едно село што се викат Кнежино. До селото имат еден манастир изурнат, на манастиро храмо му бил Пречиста. Кога бил здрав тој манастир, бил жив крал Волкашин во Скопје, со ќерка си, што ја викале Кита. Тогај бил и Муса Кесеџија; тој ја сакал да ја грабит ќерка му на Волкашина и многу се пизмеле со Марка Кралета. За инат Муса Кесеџија беше го изгорел манастирот и од тој саат беше се запустил и сега стојат урнатините како коски растурени од умрени луѓе.

Повеќе...
 
Среда, 07 Септември 2016 03:01    PDF Печати Е-пошта
Мисијата на Апостол Павле во Македонија

apostol-pavle-180Започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал меѓу еврејското и паганското население.

Повеќе...
 
Среда, 31 Август 2016 03:03    PDF Печати Е-пошта
ПРВЕНЕЦОТ

kukubajska-180Првенецот прв венец носи, венец набран од свети карпести листови, од стари писма, од старо-нови гранки, од плодови ранки, од непресушно Сушево, од безбрежна Брегалница до запалено Крушево. Венец за здраво-разумски глави, за умни лица, за лицеуми, за здрави гради... Венец за награди по умножени, за вечност вложени великородни родови, крстен за права слава на своите први и славни дела на одбраната на верата во иднината.

Повеќе...
 
Среда, 31 Август 2016 03:02    PDF Печати Е-пошта
ЕВРЕИТЕ И МУЗЕЈОТ „ЈАД ВА’ШЕМ“

evreite-denes-180Како резултат на еврејските фондации и дарувања, посебно место за одбележување има Музејот “Јад  ва’Шем” што значи “Споменик и име”, во кој се вградени материјални, морални и други средства на многу познати и признати личности во светот од еврејско потекло

Повеќе...
 
Среда, 31 Август 2016 03:01    PDF Печати Е-пошта
„АВСТРАЛИСКА ЗМИЈА“ ОД ВАСКО ЃОРГИЕВСКИ

avstraliska-zmija-180Деновиве во издание на „2-ри Август“ од Штип излезе од печат најновата збирка кратки раскази под наслов „Австралиска змија“ од македонскиот иселеник од Сиднеј д-р Васко Ѓоргиевски. Книгата содржи 18 кратки раскази кои всушност претставуваат фрагменти од една целина, а тоа е животот на едно дете кое од Битола се преселува во Сиднеј. Авторот мајсторски, низ описите на повеќе карактеристични ситуации,  ги доловува и опишува сите трауми, разочарувања, но и притаени надежи    што ги доживува ова дете, кое со текот на времето се во новата средина се развива во младинец.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.