|
|
Античка македонска архитектура и урбанизам (2 дел) |
СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ
Грчката куќа, наспроти богатството и монументалноста на јавната архитектура била крајно скромна - скоро сиромашна. Се до Македонското време во грчкото општество била непримерна секоја раскош и истакнување на материјалното богатство. Но освен тоа, хеленската куќа ја одредил фактот дека грчкиот човек живеел со интензивен јавен живот и најголемиот дол од своето време боравел на отворените простори на агората, ареопагот, во палестрата, театарот или во акрополата. Разбирлива е затоа неговата релативна равнодушност према интимата на куќниот амбиент и куќата како симбол на неговиот општествен статус. Аристотел, пишувајќи за начинот на оформување на Грчкиот град во архајската епоха, го опишува како неправилна и густо изградена агломерација на замрсена основа, со тесни и кривудави улички, кои се “нејасна тајна за странците, односно лавиринт за непријателите.” Изградбата е претежно приземна а куќите се збиваат една кон друга и се преплетуваат во густото ткиво на неправилни станбени блокови. Само понекаде се појавува некое двориште, со понекоја смоква или маслинка во него. Собирните улици во Грчките градови се секогаш поставени нормално на изохипсите и се повеќе или помалку зависни од конфигурацијата на теренот. Тие водат секогаш кон морето, што е неопходно за хигиената на градот, бидејќи се до Македонското време немале изградени наткриени канализациони цевки, па ова било единственото решение, тие да бидат исчистени од атмосферската вода. На половина на IV. век Демостен пишува: ...Грците, подигнале многобројни јавни градби и храмови со таква убавина и склад така што никој не е во состојба денес да направи ништо подобро. Наспроти тоа во приватната изградба биле скромни и толку приврзани на другите објекти во градот, за да некој кој сакал да знае која е куќата на Аристид, Милтијад или некоја друга лиичност - би видел дека не се ништо побогати од останатите. За разлика од неа, Македонската куќа на богатата градска аристократија е многу побогата со содржини, но и со по неколку отворени простори, кон кои се ориентирани сите останати простории. Тие настануваат под влијаните на раскошните палати на кралското семејство на Теменидите, онаа постарата во Вергина и поновата во Пела. За многу кратко време, разликата помеѓу јавната уметност и строгата приватност едноставно ја снемало. Убавите мозаични подови од обоени камења, кои сега биле делкани, ги замениле поранешните и сега ретки попоплочувања со природни камења. Зидовите биле изработени со малтер и боени така да имитираат мермерна инкрустрација, а повремено биле сликани и архитектонски мотиви, како и некои пронајдоци од театарската декорација. Така наречената Куќа на маски, во Пела има мозаик со драматични субјекти. Еден претставува свирач на флаута на стена и фигура која игра, друг Дионис кој јава пантер. Дури и просечната Македонска куќа секогаш има внатрешен двор, кој е редовно поплочан, систем на довод и одвод на вода, купатило со када, кујна и просторија за боравок на семејството, машки простории или трпезарија, неколку споредни простории за чување на храната, работилница или продавница, во зависност од ангажманот на семејството, а на катот се поставени спалните простории, како и просториите за послугата. Станбените објекти редовно биле ориентирани кон внатрешниот двор, а речиси комплетно затворени кон улицата, освен доколку во склопот на куќата не постоела продавница. Почнувајќи од новоизградената престолнина Пела, градското милје било редовно поставувано во правилна правоаголна шема, а разликите се појавувале во големината и формата на карктеристичните блокови, составени од станбени единици. Типичен стамбен блок со строго квадратен облик наоѓаме во Приена, со по четири стамбени единици, а издолжен тип на блок со двострук низ во Олинт. Тоа биле општоприфатените модели на урбаната структура на новиот Македонски град. Како трет тип на станбена изградба, е неправилниот тип на блокови и куќи кои не се подвргнуваат на диктатот на ортогонали и геометриски стандарди, што главно се однесува на постарите и помалите градови, градени на падините на некое брдо. Во структурата на објектот, можеме да ја распознаеме основната нишка која се провлекува низ вековното градителство на овие простори. Тоа се двата градбени простора, околу кои се развива целокупната концепција на домот - тремот и чардакот. Создадени како едноставен, но многу инвентивен и конструктивен одговор, на потребите за квалитетен станбен простор и како резултат на климатските услови, за овие простори имаме сведоштва дека егзистирале низ период од 25 столетија и во најголема мерка го дефинирале квалитетот на живеењето. Разгледувајќи ја куќата од античкиот период, ги наоѓаме традиционалните елементи - трем и чардак веќе оформени, како конструктивен и реален одговор на поставените барања за организација на просторот но и на карактеристичните климатски услови во кои се развива оваа куќа. Овие два елемента се застапени како во едноставните мали објекти, кај неправилната градска структура, во станбените блокови од ортогоналната градска шема, речиси редовно во делот кој е ориентиран на југ, но и во богатите решенија на помалите палати, како и во кралските палати. Нивната употреба, континуирано опстојувала во помал или поголем обем низ 25 столетија, за да ги достигне своите врвни креации низ традиционалната архитектура од XIX век. ПАЛАТИ Двете палати на кралското семејство, од јадрото на Македонската античка држава, онаа постарата во Вергина и поновата, во новоизградената престолнина Пела, претставуваат најраскошните станбени објекти од античкиот период на целиот Балканскиот полуостров. Двете палати имаат слична концепција - обиколени се со перистил, а нивните внатрешни простории се ориентирани кон внатрешниот двор. Суштинската разлика се однесува на тоа што палатата во Вергина е организирана околу еден голем внатрешен двор, додека онаа во Пела, околу три внатрешни дворишта и едно крило, кое од непознати причини никогаш не е завршено, кое веројатно требало да биде четвртото крило, организирано повторно околу внатрешен двор. Концепцијата на палатата во Вергина е препознатливо едноставна, бидејќи претставува објект со еден централен внатрешен двор, околу кој се поставени просториите. Енормно големиот перистил, кој го формираат четири големи портици е поставени на 60 Јонски столбови и е опкружен со четири големи Дорски портици. На јужната страна се огромните простории со прекрасни мозаични подови, кои биле официјални простории на палатата, во кои се одржували познатите забави наречени simposia. Исто така на западната страна се поставени три големи простории со прекрасни мозаични подови, во кои се одржувале свеченостите - банкетите. Мозаичните подови сведочат за умешноста на мајсторите кои ги изработиле на високо уметничко ниво. Импресивните меремерни прагови, мозаичните подови, Дорските и Јонските колонади, како и исклучивите скулпторски остварувања го покажуваат богатството и сјајот на објектот. Комплексот на палтата во Пела е комплетно интегриран во урбаното милје на градот, што наведува на заклучок дека е градена во исто време кога и градот. Концепцијата на палтата е составена од три сегменти кои се развиваат околу внатрешни дворишта со перистил. Двете јужни крила на палтата имаат заедничка фасада, која е обединета со две Дорски стои, а ходникот што ги спојува двете крила, завршува со нагласен влезан пропилон. Овие две предни крила на палатата според начинот на нивната обработка и големината на просториите, се претпоставува дека биле нејзиниот репрезентативен дел. Третото крило кое се наоѓа на север од нив, има релативно помали простории, но и една од нив, за која се претпоставува дека била базен. Енормно големиот простор, во кој боравела Македонската династија, најверојатно не бил само резиденција на кралското семејство, но во него биле сместени административните и воените служби. ЈАВНИ ОБЈЕКТИНајважната карактеристика на Македонската архитектура, во поглед на светилиштата, со што се разликува од сите останати култури, е изградбата на архитектонски целини со религиозна природа надвор од утврдените градови. Постоела специјална церемонијална патека, која водела од градот до светилиштето и по која се движеле свечените процесии во деновите кога се вршеле обредите и се дарувале боговите. Така на престолнината Вергина, светилиштето било Дион. Исто така, во поглед на изградбата на храмовите, постои специфика од која никако не се откажувале. Тоа е изградбата на мал храм, со исклучително скромни димензии. Во наосот има простор само за олтарот на кој се поставувани даровите. Предниот дел на храмот или пронаосот е решаван како тетрастил, односно како трем на четири столба. Иако Македонската монархија, односно монархиите на диадосите, по Александровите освојувања имале потреба од изградба на монументални религиозни комплекси, кои ја потенцираат моќта и јачината на државата, сепак архитектите останале со полно почитување кон основната архитектонска матрица на храмот и тој останал во својата основна форма и димензии. Потребата од монументалност, многу досетливо и различно ја решавале. Во Дидим, светилишниот простор на градот Милет, изграден е грандиозен и монументален храм, кој претставува околина и во суштина кулиса на внатрешно поставениот мал по димензии, вистински храм. Монументалниот храм е поставен со двоен перистил и длабок внатрешен предпростор, исполент со столбови. Тој во главно ги следи формалните поставки на Архаичните храмови во Мала Азија, како и неговиот претходник. Централната оска завршува со отвор, но пролазот низ него е затворен со ниски зидови. За да се влезе во храмот, треба да се помине низ еден од двата странични влеза. И тоа било патека низ која поминувале само свештените лица. Патот од тука води преку засводени рампи, темни и тесни, кои водат кон долниот дел и потоа излегуваат со заслепувачки ефект во голем атриум отворен кон небото. На крајот на атриумот, каде што се очекува да е поставена култната статуа во една вообичаена цела, поставен е минијатурен храм - простил, како претстава во престава, со останатите елементи на Аполоновиот возвишен простор, како што е фонтаната и ловоровоиот венец, во близината. Вториот начин на монументално и грандиозно обликување на околината на храмовите е применет во светилиштето на Асклепиос на Кос и светилиштето на Атина Линдаија, како најкарактеристични решенија. Самиот храм останува со мали димензии, меѓутоа пристапот до него и вкупно целата негова околина се обликува со долги колонади од столбови, всушност стои и најчесто се решава со распростирање на неколку нивои - тераси. Светилиштето на Асклепиос на Кос се распростира на три тераси, кои благо се искачуваат и се поврзани со скалишни краци вдолж оската која води до главниот храм на врвот. Двете тераси правата и последната се дефенирани со стои во форма на буквата П, затворени со лице кон внатре, ефектно затварајќи го целиот комплекс. Долниот затворен простор, во кој се влегува преку формална капија, содржи простории за болните, кои дошле да чекаат за завземањето на Асклепиос. Овдека е многу различен е односот на храмот со околината. Тој е врв на целата композиција, но и владее повеќе заради уметничката хиерархија, отколку со својот сопствен авторитет. Храмот изгледа како статична слика однадвор од просторот. Овде во Кос храмот е заробен и поставен како експонат од неговата околина. Во светилиштето Атина Линдаиа стартуваме од огромен формален простор оформен со стоа со крила кон нас оринетирана. На оваа тераса пристигнуваме преку монументални скали. Централната позиција на стоата е редуциарна со едноставна завеса од столбови и низ нив гледаме уште еден скалишен крак. Вовлечени сме во пролазот од стоата. Внатрешната страна на влезот, на нивото на третата и финална тераса е затворен од уште еден систем од стои кои дефенираат мал правоаголен простор. Олтарот е во средината а храмот е на страна и позади, затварајќи го ивичниот гребен на исток. Практиката на долги олтари, поставени на скалеста платформа во релација со нивните храмови, заобиколени со скулптури, било новина што ја донел Македонскиот период. Во Пергамон, Големиот олтар бил поставен во внатрешнот двориште, обиколен со колонада од столбови и пристапен од запад со скали. Надворешната површина носела снажен фриз, кој ја презентирал борбата на боговите со гигантите. Тоа било алузија на победата на Аталос I над Галите и Келтските номади од внатрешноста. Заедно со палатата, фризот изработен величенствено и многу поделикатно, ја славел легитимноста на Аталидската династија низ прераскажувањето на приказната за Телефос, син на Херакле, од кој Пергамонските кралеви воделе потекло. Големи промени во Македонскиот период претрпеле стоите. Од вообичаените прави и издолжени или во вид на буквата L, вообичаено градени во Класичниот Хеленски период, сега се појавуваат стои во вид на буквата П или потполно затворени, квадратни. Агорите комплетно се затвараат со стои и се обликуваат во правилни форми. Уште една новост е појавата на двострано отворени стои. Овој нов начин на обликување на стоите, а и воопшто на плоштадите е веројатно најдобро елабориран во Милет. Македонскиот дизајн на стоата во Милет е постигнат со употребата на два агли кои се свртени кон внатре, како и со поделбата на едноставната стоа на три краци кои се поставени во вид на буквата П, тип кој не е познат дотогаш, а постигнат со обработка на две стои поставени како буквата L, но не без да се постигне нивно взаимно единство. Вториот аранжман е веќе познатото Македонско удвојување на мали L-стои, позади северната агора, што пред малку го спомнавме, како и Големата Агора на југ, каде што како додаток на две L-стои, оваа стоа е поставена вдолж четвртата страна на просторот, дефенирајќи еден цел четвороаголник. Планот е поставен според сензибилитетот на проектирање на овој период, кој го фаворизира дефинирањето на јавните простори со нивно заобиколување со колонада од столбови, избегнувајќи го тоталното затварање. Театарот во Македонскиот период добива нова обработка - од камен изработени седишта, наместо претходните дрвени, односно кавеа и исто така висока и изградена сцена, наместо претходните времени објекти. Добри примери за ова тврдење се театарот во Атина, како и театарот во Приена. За време на Македонскиот период се појавува тенденција објектот позади сцената да биде многу повисок и многу подекориран со фасада од столбови. Можеби ниедна друга градба не добива толку многу имагитнативно внимание како театарот. Слободата во креирањето на зидните слики, овдека била најиздашна. Монархијата дала свежо поттикнување на подземните гробници, но според големината и издашноста не се сукобиле со оние од Класичното време. Подземните гробници во Македонија редовно биле конструции со свод со импресивен погребен програм, кој вклучува и мурални слики и обилност од убави и драгоцени објекти. Најубавите примери на подземни гробници се во Вергина, во Големиот тумулус и во останатите помали тумулуси. Гробот на Филип II, има Дорска фасада со прекрасно насликан фриз, во гробницата на Персефона има прекрасни цртежи во главната просторија, гробот на Принцезата има Дорска фасада со исклесани и обоени штитови, гробот со слободностоечки столбови, како што кажува и самото име има фасада не со пиластри туку со столбови, додека Ромаисовиот гроб има Јонска фасада со четири пиластри, а во погребната просторија покрај одарот е поставен трон. Подземните гробници во Александрија содржеле раскошна просторија која имитирала фантастичен современ домашен ентериер. Во Палмира има високи подземни гробници, составени од неколку нивои, со свод затворен на најнискиот кат, отворен кон екстериерот. Освен стандардните типови на објекти имаме барања за поставување на сосема нови типови, од кои најмногу се однесуваа на атлетско - едукативните и комерцијаните дисциплини. Главниот нов вид на објекти во првата категорија вклучува гимназиум и други многу поспецијализирани институции како боречките школи или палестра.Овие објекти се развиваат околу голем дворишен простор, опкружен со колонада од столбови, од кои едната страна служи како трака за трчање, позади кои се наоѓаат потребните простории. Ваквата концепција е прифатена заради основното правило на школите - развојот на телото и умот. Некои се многу големи како Гимназиумот во Олимпија, а само нешто помал е Гимназиумот во Приена. Во Пергамон имаме еден ваков комплексен објект, кој во суштина е и најголемиот профан објакет во градот. Тој е составен од три целини, поставени на три тераси, кои се оформени - најнискиот како Гимназиум за најмали деца, средниот за повозрасни деца, додека највисокиот е за возрасни ученици. Стадионите, исто така, биле развивани во Македонскиот период. Тие добиле седишта изработени од камен, исто онака, како што биле правени во театрите. Стадионот во Епидаурус го докажува ова тврдење. Стадионот во светилиштето на Зевс во Немеја има пасажи испод гледалиштето со полукружен свод. Слични пасажи со свод во Епидаурус и Олимпија, вообичаено бea датирани на Римскиот период. но очигледниот свод во Немеја е неоспорен доказ дека тие подобрувања се однесуваат на Македонскиот период. Напредувањето на традицијата дало како резултат нови истражувања во сопствена архитектура. За поспецифични функции биле развивани големи покриени холови, со надворешна колонада од столбови и концентрација на употреблив внатрешен простор, најчесто за комерцијална употреба. Во Делиан, така наречената Хипостилна Хала, била за трговска размена. Она што е карактеристично за објектот, освен неговата големина е кровното надсветло - лантерна. носена од централните осум столбови. Посебен тип на објекти кои се развивале во Македонскиот период се Херооните, односно свети места за обожавање на кралевите. Хероонот во Пергамон е посветна на култот на тамошните кралеви, кои буквално ги достигнале своите богови, после нивната смрт, низ Македонскиот период. Посебно обожавани биле Аталос I и Еуменес II. Објектот се состои од двориште, со перистил, култна просторија и други простории околу двориштето. Уште еден важен дел од архитектурата во Македонскиот период биле тврдините. За разлика од тврдините во класичниот период кои биле изработени од глинени тули, сега тие се ѕидани исклучиво од полигонални камени блокови, со различна исполна. Зидањето било вообичаено тешко и грубо за да даде импресија на сила. Кулите на тврдините биле градени повисоко за ефикасна одбрана од артилеријата. Зидовите од тврдините се генерално најдобро очувани во далечните и помалку значајни градови: има одлични примери во Хераклеа близу Милет и во многу добра состојба во градот идентификуван како Цидна (Cydna) и во Ликија (Lykia). http://www.mn.mk/istorija/8203-Anticka-makedonska-arhitektura-i-urbanizam-3-del |