Култура и туризам
Среда, 04 Мај 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
СИЛЈАН МИЦЕВСКИ – ЦИЛЕ И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА СПОРТОТ (2)

1sil1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Повеќе...
 
Среда, 04 Мај 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
МОНОГРАФИЈАТА „ГОГА ПЕЧЕНКОВСКИ“ Е ДЕЛО ЗА ГОГА ОД ПЕРОВО КОЈ ЖИВЕЕШЕ ВО РЕСЕН (4)

1go12

Монографијата „Гога Печенковски“ е дело на Славе Николовски-Катин, а издавач е „Македонска искра“ од Скопје во 2004 година, на 154 страници, на македонски јазик. Во ова дело е претставена историјата на семејството  Пе­чен­ковски која е тесно повр­за­на со настаните во Ма­ке­донија, со неј­зината историја. Нив­на­та не­ве­ројатна приказна е ма­ке­донски ле­топис за оп­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­донците, за кои теш­ко можат да се најдат слични примери во ис­торијата на кој било народ.

Повеќе...
 
Петок, 29 Април 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Источен Петок - Балаклија, или Светол Петок

balaklija1-001Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори. Според легендата изворот Балаклија, поврзан со името на Пресвета Богородица, се наоѓал во близината на Цариград и во него имало златни риби.

За Ајазмото Балаклија во Стамбол

Кога царуал цар Костадин на Стамбол, Турците беа дошле близу до Стамбол и од ден на ден се туку се приближуале за да влезат во него.

Една вечер, беше му пржеле риби на цар Костадин и беше му рекол некој покрај него, што седел:

- Честити царе, ме страв, Турците да не ни го земат Стамболот.

- Ако станат рибиве од тавава - му рекол царот - да оживеат и да појдат во најазмото, тогај и Турците ќе ни го земат Стамбол.

За чудо големо, уште не беше дорекол зборот и рипнале рибите, та пошле во најазмото и оттогај му нарекле името: „Бал'клија“. Велат, оти уште имало од тие риби живи, само една умрела и со патрико облечен ја закопале, како чоек што се закопуат некоаш за чес да и сторат.

(Подготви Марко Китевски)

 
Среда, 27 Април 2022 07:30    PDF Печати Е-пошта
МОНОГРАФИЈА ЗА НОВИНАРОТ И ПУБЛИЦИСТОТ „БОШКО РАЈЧОВСКИ - ПЕЛИСТЕРСКИ“ (3)

1raj21

Автобиографското дело Бошко Рајчовски-Пелистерски“, чиј автор е Славе Николовски-Катин е издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатено во 2008 година, на 254 страници и е двојазично издание - на македонски и на англиски јазик, а како дел од печатарската активност на „Киро Дандаро“ од Битола. Рецензенти се: амбасадорот на УНЕСКО м-р Јордан Плевнеш од Скопје, примариурс д-р Иван Апостолов од Флорида и професор Синиша Ристевски, свештеник од Детроит.

Повеќе...
 
Среда, 27 Април 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
„Шивачките“ на Гарванлиева најдобар документарен филм на 16. Сараевски филмски фестивал

biljana-garvanlievaДокументарецот „Шивачките“ на  режисерката Билјана Гарванлиева ја доби наградата „Срце на Сараево“ во натпреварувачката категорија на документарни филмови на 16.Сараевски филмски фестивал.

Повеќе...
 
Среда, 27 Април 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА СИЛЈАН МИЦЕВСКИ – ПОЗНАТИОТ БИЗНИСМЕН ОД БИТОЛА (1)

1sil1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Повеќе...
 
Среда, 20 Април 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Велики петок, (или Велипеток, Распет петок) е ден кога е распнат Исус Христос

VelikiPetok

Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок. Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен, го наклеветуваат дека се прогласил себе си за цар и со тоа всушност се кренал против Рим и императорот. За таков грев Римјаните морале да го казнат сторителот. Бидејќи било Пасха, најголемиот еврејски празник за кој било вообичаено да се ослободи еден затвореник, Пилат го прашал насобраниот народ кој сакаат да биде ослободен? Исус или Варава, разбојник кој убил неколку римски војници. Насобраниот народ потбуцнат повторно од фарисеите барал да се ослободи Варава. На прашањето на Пилат што да прави со Исус, народот извикувал: „Распни го! Распни го!“. Затоа откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: „Јас не сум виновен за смртта на овој праведник“.

Повеќе...
 
Среда, 20 Април 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
ОД ПЕТРИЧ ДО СТРУМИЦА (10)

1ser1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

Повеќе...
 
Среда, 20 Април 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ – ЖИВОТНА СТОРИЈА ЗА ФОЛКЛОРИСТОТ ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (2)

1ser1903

Една од  значајните монографии на Славе Николовски – Катин, секако, е публикацијата за истакнатиот маке­дон­ски  фолклорист Георги Томов од Њујорк. Монографијата „Томов“ е луксузно издание на 320 страници на голем формат, илустрирано со бројни фотографии. Рецензенти на ова значајно дело се факултетскиот професор д-р Вера Стојчевска-Антиќ и еден од постојаните членови на ансамблот „Томов“, д-р Кристина Калас.

Повеќе...
 
Среда, 13 Април 2022 02:00    PDF Печати Е-пошта
Специфики на тајните мијачки говори

bosacki-jazikБошкачкиот говор кај Мијаците преставув постреба, која се родила најпрвин кај печалбарските дружини на градители, зографи, копаничари, сточари... Нивниот интерес бил сосема поинаков од интересот на средината во која ги реализирале своите договорни обврски. Но, професијата налагала да комуницираат меѓу себе со говор кој окилината не го разбирала. Исклучително посебниот однос и потребите врзани за работата го објаснуваат создавањето на т.н. таен мијачки говор-јазик и го покажуваат неговиот корен во турскиот, албанскиот и грчкиот јазик, како основа од кои се правеле кованици. Тие зборово ниту Македонците надвор од Мијачијата не можеле да ги разберат. Така кога договарале работа тајфите со некој газда за да не ги рабере дали работата ќе ја прифатат или не тие се служеле-говореле меѓу себно на тајниот говор-бошкачки, на пример вака: АПСИКО Е, СТАКЕЧИ ГО (убаво е погоди се); или: ОКЛИНЧИ ГО НЕ Е АПСИКО (остави го не ни одговара).

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.