Култура и туризам
Среда, 19 Мај 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
Беше си била- приказна за везена кошула

prikazna-za-vezena-kosula-240

АнгелинаМаркус

Македонија не е позната само по царевите и светоста на земјата преку градот на храмови и крстилници од најстаро време. Попознати се нејзините ракотворби од народот во ткаењето, во везењето и плетењето. Камче по камче - мозаик, слики по земја како килими се правеле. Сновалка по сновалка, килимче се ткаело, со мотиви по душа како со стилизиран човек, птица, цвет. Бод по бод со игла, вез во платно се везел. Монисте по монисте, ќустег се плетел, во сите бои шарена змија во рацете на ороводец. Камен по камен, куќа Божја се градела. Удар по удар во дрво, олтар во црква се резбарел. Мотивите кои се везени, плетени, ткаени, сликани, дрворезани, исти се од рацете на луѓе од Македонија создавани. Содржината, боите, осмисленоста, ни го одликуваат животот на народот.

Уметничкото творештво најрано го сретнуваме во неолитот како фигури на жена со накит накитена, со ѓердани, прстени, белегзии украсена. Потоа човекот скулптура, икона, слика во теракота од земја обликуван и грнците, садовите, плочките со порака, со писмо вдлабено биле.

Мозаиците по царските палати, театри, крстилници, ни покажуваат настани од животот на Македонците. Во тие мозаици исти билки, цветови, животни и разни ликови врамувани по рабовите со познатиот македонски преплет. Тоа се знаците на сонцето на подножјето на кратерите со космичко значење.

И работ на кошулите, килимите, маските со истиот преплет од Галичкиот вез е македонски потпис на сите артефакти во музеите по светот. Наши се, си ги знаеме.

Се кренале мозаици од подовите и се искачиле како фрески по ѕидовите на храмовите со Божји ликови, лица од народот, маченици и ангели облечени во кошули и наметки ги овековечуваат македонските ракотворби. Рубата на Константин и царицата мајка Елена, Теодора, Евросима, Ана Комнен и другите фрески, опточени се со бисери, мониста, пулејќи на везовите и круните да блескаат под светлото на свеќите. Тоа се вредните раце на македонските уметници што создаваат непроценливо богатство.

Македонското оро рамо до рамо како котолци, како камчиња во мозаик, како оптоци со бисерни мониста, како преплет на кошулите извезени, ни ја покажуваат смислата на Тешкото, оро што го играат сите, арно ама никој не го тропнува чекорот како Македонци кога играат, со визија поврзана во севкупност на македонско културно наследство.

Во Париз, во музејот на човекот, облека е претставена со Галичка носија. Македонската кошула со галичкиот вез често пати е експонат и во приватни колекции кај луѓе кои воопшто не ги познаваат везените симболи на генерациско носење пораки.

Во галичкиот вез кошулата е покриена со црвено црн вез. Украсите се со рески филигрански копчиња, Сајата ги ослободува ракавите на кои врв од игла не се протнува во густината на везот. Футата ги покрива колената препокриена со чапраци и пафти. За оро и да нема музика се создаваат ритми од златото и среброто на гради и на чело. Тропкаат и при дишење и при движење. Галичката везена носија сама раскажува како си бил надарен народот во Македонија да создава трајни човечки вредности. Девојките цел живот го везат чеизот за да се покажат со полни касели пред свекорот и свекрвата. Тоа е само дел од ракотворењето пренесувано од колено на колено како традиција на фолклорот во Македонија.

“Си била кошула ненавезена” - К.Рацин од песната за Ленка.

prikazna-za-vezena-kosula

 
Среда, 19 Мај 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ КАКО ВОЈНИ НА ИСТРЕБУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (3)

1ka1Восхитувањето од слободата спласнало брзо, како што пламените jазици од селата што гореле го запалиле ноќното небо. Македониjа била повторно во пламен. “Ослободителите” се претвориле во окупатори и опсипале пустош врз македонското население. Политичкото, економското и етничкото единство на Македониjа веќе го немало.

Повеќе...
 
Среда, 19 Мај 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
УСПЕШНИ 30. ГОДИНИ НА ФАРМАЦЕВСКАТА КОМПАНИЈА „ЗЕГИН“ (6)

1rez1Името на фирмата „ЗЕГИН“ е составено од пет букви кои значат: „З“ - здравство, „Е“ - едукација, „Г“ - гаранција, „И“ - информација и „Н“ - надеж. Тоа биле кратенките за кои бил распишавме конкурс пред регистрацијата. Мисијата на брендот, пред сé, е да се биде вистински пријател на здравјето на луѓето и семејствата, преку обезбедување на квалитетен а најефтин лек поткрепен со стручен совет. 

Повеќе...
 
Среда, 12 Мај 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА – ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

1ege

Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е публикација на Ристо Стефов (Chris Stefou). Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времиња до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска и самостојна држава - Република Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 12 Мај 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
ПИЈАНЕЦ - РОДНИОТ КРАЈ НА ВЕРА МЕХАНЏИСКА (5)

1pij

Потеклото на Вера Механџиска е од Пијанец, некогашната Царевоселска околија, односно општините Македонска Каменица и Делчево. Од таму потекнуваат нејзините родители кои ѝ ја всадија љубовта кон родниот крај, кон луѓето, кон, природата, кон сѐ она што тие ѝ го пренесувале во младоста. Јас како патеписец сум ја посетил Македонска Каменица повеќе пати и притоа се интересирав за историскиот развој на ова рударско место. 

Повеќе...
 
Четврток, 06 Мај 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
Денеска е Св. великомаченик Георгиј - Ѓурѓовден

 

sveti-georgij

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка и др.

Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум.Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.

Повеќе...
 
Среда, 05 Мај 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
Славе Катин : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „КОЛУН НАИВА“ ОД ИВАН ДАМЈАНСКИ

1234912345

Во издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, излезе од печат книгата „Колун Наива“ од Иван Дамјански. Тоа е негово промотивно дело и  прв обид на литерарен план за неговите детски случувања Книгата е отпечатена на 170 страници и е поделено на 23 дела во кои се поместени различни прозни записи. Рецензенти на книгата се Свето Стефановски и Славе Катин.

Повеќе...
 
Среда, 05 Мај 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
Д-Р. ВЕРА АПОСТОЛОВА – МЕХАНЏИСКА - ЖИВОТHИОТ СОПАТHИК HА БЛАГОЈ (4)

1zivot

Бизнисменот, хуманистот и донаторот и, во исто време, човекот кој епосветен на фармакологијата и економијата во Република Македонија и на Балканот, Благој Механџиски и неговата животна сопатничка Вера, испишаа една прекрасна заедничка деловна, лична, семејна, национална и професионална сага долга четириесетина години.

Повеќе...
 
Среда, 05 Мај 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕЛОТО НА РИСТО СТЕФОВ (1)

1sonc

Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е публикација на Ристо Стефов (Chris Stefou), роден на 11 јуни 1953 година во револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија. Како последица на економско-политичките случувања во Егејска Македонија, неговото семејство се иселило од дедовкиот праг во 1965 година кога Ристо имал дванаесет години и за секогаш се населиле во демократска Канада.

Повеќе...
 
Среда, 28 Април 2021 02:00    PDF Печати Е-пошта
Налеј, налеј меанџико - песна за љубовта на гемиџиите и француската меанџика

nalej-nalej-180Младите Македонци, солунските атентатори, гемиџиите, само неколку месеци пред настаните во Солун, во Париз, во една мала коноба, со симпатично име „Утро“ на убавата сопственичка и ја пееле „Налеј, налеј меанџико“. Меанџиката, подоцна стаписана од нивните подвизи и нивната смрт, тажна за нејзините македонски пријатели не се омажила никогаш и починала во 1939 година, носејќи го споменот за нив. Приказната за мадам Мадлен и Солунските атентатори, случајно раскажана од една млада Мароканка, се најде во книгата на пензионираниот новинар Никифор Смилевски.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.