Историја
Среда, 07 Јануари 2015 04:04   
Политичките говори на Демостен, Исократ и Ајсхин

Demosthenes-180Историско сведоштво за антагонизмот помеѓу Македонија ихеленските полисиАвтентични и веродостојни историски податоци за владеењето на Филип II се наоѓаат во политичките говори и во други реторички списи на атинските политичари-ретори, современици на македонскиот цар и учесници во сите политички и воени дејства што ги презема Македонецот Филип II.

Повеќе...
 
Среда, 07 Јануари 2015 04:02   
Кој беа Мирче и Страшо?

Mirche Acev-180Во втората половина на мај 1942 година е избран привремен Покраински комитет на КПЈ за Македонија, во состав: Цветко Узуновски, Мирче Ацев, Љупчо Арсов, Цветан Димов и Мара Нацева. Привремениот ПК изврши промени и го преименува Покраинскиот воен штаб во Главен штаб на НОПО на Македонија во состав: Михаило Апостолски, Цветко Узуновски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Љупчо Арсов. Посебно внимание му се обрна на организирањето на вооружените борби и во јуни 1942 година беше издадена директива за организацијата и начинот на дејствијата на партизанските одреди.

Повеќе...
 
Среда, 07 Јануари 2015 04:01   
Државата на Филип ИИ – парадигма за општествено - политичкото уредување на античките Македонци

filip-ii-kralstvo-180Филип II наследува држава, воспоставена наследна монархија (басилеија): според Исократ, Македонците не можат да си го замислат животот без династија, зашто од искона имале династија. Овој тип монархија е карактеристичен за почетниот период на државата, а претставува владеење, како што запишал Аријан, не со сила, туку според законите; владетелот се именува од Македонското собрание, според правилото на примогенитурата.

Повеќе...
 
Среда, 31 Декември 2014 12:40   
Подемот на македонската држава – Филип II Македонски

zphilipii-180Судбоносна точка во развитокот на македонската држава е преземањето на власта од Филип II (359–336). Филип II ја освојува власта на 23-годишна возраст, но неговата младост не значи неискуство и неукост во водењето на државничките работи. Напротив, Филип, син на Аминта III, како заложник во Теба добива одлично образование во воената стратегија и организација и во воените вештини, а ја изучува и питагорејската филозофија.

Повеќе...
 
Среда, 31 Декември 2014 12:28   
Македонија – доминантен историски фактор во античкиот свет

ancient-macedonia-180Додека атињаните интензивно се занимаваат со политички процеси и постојано се водат судски парници, Филип се грижи за зацврстувањето на западната и северната граница и за зајакнувањето на македонската држава; постои сведоштво за еден поход од 344 г. п.н.е. против Илирите во кој македонскиот владетел освојува многу нови места сеж до Јадранското Море; војува и со Дарданците, кои често ја напаѓаат Македонија; дејствува и на море, откако ја засилува својата флота, спроведува колонизација во нови области, во кои населува Македонци, Хелени и Тракијци.
Престолнината на македонската држава, Пела, станува средиште на познати уметници, книжевници и научници. Филип одржува постојани дипломатски и пријателски односи со многу хеленски мажи и политички дејци. Во македонскиот двор како учител на младиот Александар пристига филозофот Аристотел од Стагира, чијшто татко Никомах е лекар и близок пријател на Аминта ИИИ. Воениот поход на македонскиот владетел продолжува кон Пелопонез.

Повеќе...
 
Среда, 24 Декември 2014 04:52   
Борбите за македонскиот престол

makedonski-vladeteliВо периодот по убиството на Архелај до владеењето на Филип II, во Македонија шест години се водат династички борби кои ја ослабуваат моќта на македонската држава. Првите три години владее Аероп II (ок. 396–393) како регент на малолетниот Орест, син на Пердика II. Во овој, релативно мирен период за Македонија, Аероп воспоставува внатрешна стабилност со поддршка од македонските благородници.

Повеќе...
 
Среда, 24 Декември 2014 04:27   
Македонските цареви од династијата Аргеади

argeadi-180Според античките записи, со името Аргеади се означува првата царска династија во Македонија (Аргеас е епонимниот херој на Македон), која се поврзува со градот Арг во Орестида. Кон крајот на VIII век п.н.е., под водство на македонските владетели, започнува процес на обединување на долномакедонските и горномакедонските племиња во една држава. Владетелската династија Аргеади е парадигма за организирано владеење со векови, со една единствена цел, Македонија да стане моќна држава.

Повеќе...
 
Среда, 17 Декември 2014 04:28   
Македонскиот грб на печатите на воените лица во Војводина на почетокот XVIII век

grb-vojvodiine-180„Во почетокот на XVIII век во разни приватни и службени акти се сретнуваат многу нови хералдички знаци на печатите... Така ми е познат печатот на српскиот полковник Петар Јенеј од Ѓура од 1712 година на кој, покрај македонскиот грб (исправен лав), бил и босанскиот грб, а на печатите на капетан Радослав од Косово, Паунко Маќедонец, Јован Наѓлачки, Петар Радашиновиќ Сенѓански, оберкапетанот Станиша Крагувачки и други од 1716—1728, се наоѓа само босанскиот грб. Освен тоа многу често се наоѓа и рашкиот, македонскиот и албанскиот грб...“ – пишува Радослав Груиќ во своето дело „Апологија на српскиот народ во Хрватска и Славонија и нивните главни обележја“ (1909).

Повеќе...
 
Среда, 17 Декември 2014 04:22   
Етногенезата на античките Македонци

ancient-maecdonia-180Античките Македонци се палеобалканска популација од индоевропско потекло. Како посебен етнос се формирале во VIII век п.н.е., од популации кои уште во III милениум го населиле централнобалканскиот простор. Кон крајот на III и почетокот на II милениум п.н.е., кога се случиле најголемите движења и преселби во евроазискиот простор, настанал процес на „европеизација” на популациите на Балканот.

Повеќе...
 
Среда, 17 Декември 2014 04:12   
Документи: руски извори од 1945 година

begalci-180ИСТОРИЧАРОТ д-р ВЛАДО ИВАНОВСКИ, меѓу поголемиот број новооткриени документи во Историско-документарниот оддел на Министерството за надворешни работи, поточно во Архивот за надворешна политика на Руската Федерација, го регистрира и Извештајот (со забелешка дека не смее да биде објавен) на В.П. Григорев и И.Н. Агеев, кои од 13 до 23 јули 1945 година ја посетиле Македонија и притоа посебно се задржале на состојбата на границата со Грција, во тоа време жешка точка на југословенско-грчките односи. Овој документ првпат е објавен во магазинот Македонско време од каде што го преземаме.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.